„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за заштита на населението од заразни болести

03.03.2026

 Надлежено е Министерство за здравство.

 

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Со овој закон ќе се обезбеди: - дополнување на листата на заразни болести кои подлежат на задолжително пријавување согласно ЕУ регулативата (вкупно 77 заболувања); - усогласување на дефинициите и поимите (дефиниција на случај, изолација, епидемиолошко следење) и други поими со меѓународните стандарди, како и намалување на прагот за прогласување епидемија (еден случај за одредени болести); - унифицирање на начинот на функционирање на АЛЕРТ 2.0 - синдромскиот систем за брзо известување и предупредување, согласно збирот на симптоми и знаци (сомненија) кои се присутни кај пациентите, - воведување на електронски систем за пријавување на заразни болести кои подлежат за задолжително пријавување преку Националниот систем за електронски евиденции во здравството (МојТермин) со што се напушта хартиеното пријавување;