„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
02.03.2026
Предлагачи се група пратеници.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ Предлогот на законот ги задржува истите цели и начелата од Законот за данокот на додадена вредност и предвидува зголемување на прагот за задолжителна ДДВ[1]регистрација, од 2.000.000 на 4.000.000 денари. Со оваа измена се очекува даночниот товар поизразено да се насочи кон субјектите со поголем обем на работа и профит, додека малите семејни деловни субјекти ќе бидат ослободени од непосредна обврска за вклучување во ДДВ-системот. Мерката има за цел намалување на административниот товар во почетната фаза на работење и поттикнување на формалната економија во рамките на законско вршење на дејноста.