„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување на законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица по скратена постапка

02.03.2026

 Предлагач е група пратеници.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ Предлог – законот е заснован на истите цели и начела како и основниот закон. Со предлог-решенијата се зголемува максималниот износ што може да се врати на едно физичко лице во текот на едно тримесечје. Финансискиот стимул ги вклучува граѓаните како дополнителен механизам за контрола, што помага да се намали сивата економија, да се подобри даночната дисциплина и да се зголеми довербата во институциите.