„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
05.10.2026 - 18.11.2026 , Конференција
Хотел „Hills“, Сараево, Босна и Херцеговина
Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, со задоволство ве поканува да земете учество на претстојната 4. Меѓународна конференција за логистика во Босна и Херцеговина, која ќе се одржи на 19 и 20 ноември 2026 година, во хотелот „Hills“ во Сараево.
По три успешно реализирани изданија, Меѓународната конференција за логистика повторно ќе ги обедини претставниците на деловната заедница, институциите и академската заедница, како и водечки домашни, регионални и меѓународни експерти од областа на логистиката, транспортот и управувањето со синџирите на снабдување.
Овогодишната конференција ќе биде посветена на актуелните трендови, предизвици и промени што ја обликуваат иднината на логистичкиот сектор. Преку стручни презентации, панел-дискусии и размена на искуства ќе се дискутира за:
Повеќе информации за програмата, учесниците и начинот на регистрација се достапни на официјалната веб-страница на Конференцијата: https://events.komorabih.ba/dogadjaj/cetvrta-medjunarodna-konferencija-logistike-u-bosni-i-hercegovini/
*Учеството на конференцијата изнесува 200 КМ. Во прилог ви ја доставуваме и понудата за спонзорство на претстојната конференција. За компаниите кои биле спонзори на претходните изданија, предвиден е попуст од 10% на спонзорските пакети.