„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
28.04.2026 - 01.06.2026 , Саем
Варшава, Полска
Стопанската комора на Северна Македонија преку Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (WB6 CIF) ги повикува малите и средните претпријатија (МСП) од Северна Македонија да учествуваат во заедничка делегација на компании од Западен Балкан, кои ќе изложуваат на „Global Food Expo 2026“ во Варшава, Полска, во периодот од 17 до 19 ноември 2026 година. Преку проектот „Поддршка на ЕУ за КИФ ЗБ6“, 30 компании од регионот на ЗБ ќе бидат избрани за учество на заедничкиотштанд.
Што добиваат бесплатно избраните компании?
· Можност да презентираат производи и услуги на заедничкиот штанд на КИФ ЗБ6 за време на саемот (мостри од производи и печатени промотивни материјали, но без вертикални банери на свивање), како и истакнување на логото на компанијата во рамките на просторот за брендови на штандот.
· Можност да презентираат производи и услуги во конференциската сала за време на саемот.
· Учество на заеднички настан за вмрежување со сите компании и дополнителни потенцијални деловни партнери од Западен Балкан и од странство.
· Хотелско сместување – 4 ноќевања за 1 претставник по компанија, како и превоз во Варшава (аеродром–хотел–аеродром и хотел–саем–хотел за време на саемот).
· Медиумска покриеност – подготовка на заеднички е-каталог на сите компании/производи, врз основа на материјали доставени од компаниите, како и промоција на настанот и на компаниите/производите преку промотивна кампања изработена по мера.
Компаниите се одговорни за организацијата на патувањето на својот/своите претставник(ци), како и за превозот на производите/експонатите.
Напомена: Саемот ќе се одржи во „Ptak Warsaw Expo“, најголемиот изложбен центар во Средна и Источна Европа, лоциран на околу 15 минути од центарот на Варшава. Пријавувањето е на 16 ноември, а одјавувањето на 20 ноември. Компаниите кои аплицираат треба да испратат претставник кој зборува англиски јазик.
Со купување и покривање на сопствените трошоци за патување до Варшава, компаниите ја потврдуваат својата цврста определба за учество. Ова служи како гаранција за организаторот, а во случај на откажување во последен момент од страна на избрана компанија, организаторот го задржува правото да го понуди местото на друга компанија.
Критериумите за избор ќе се засноваат врз:
· вкупната вредност на земјоделско-прехранбениот извоз на компанијата во последните 3 години,
· број на извозни пазари.
Апликантите мора да се правни лица/компании регистрирани во една од шесте економии на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија или Србија) и да бидат класифицирани како мали или средни претпријатија регистрирани за производство и/или преработка на храна.
Апликацијата може да ја поднесете преку следниот линк.
Рокот за поднесување на апликацијата и придружната документација е 30 мај 2026 година до 16:00 часот. Списокот на избрани компании ќе биде објавен на веб-страницата на КИФ ЗБ6 до 30 јуни 2026 година. За сите прашања или дополнителни информации, ве молиме контактирајте нè на е-пошта: sanja@mchamber.mk.