„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

INCOTERMS 2020 – КЛУЧ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА ВО МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВИЈА - 31.03.2026 година

13.03.2026 - 30.03.2026 , Обука

сала 1, 5-ти кат Стопанска комора на Северна Македонија

 Во современото надворешно-трговско работење, правилната примена на ИНКОТЕРМС 2020 е клучна за јасно дефинирање на обврските, ризиците и трошоците меѓу партнерите. Овие меѓународно признати правила овозможуваат сигурна и транспарентна размена на стоки, минимизираат недоразбирања и го олеснуваат секојдневното работење на извозници, увозници, шпедитери и финансиски институции.

Со оглед на нивната суштинска важност, Стопанската комора на Северна Македонија, на 31 март 2026 година, организира еднодневен семинар на тема: INCOTERMS 2020 – СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА ВО НАДВОРЕШНОТО ТРГОВСКО РАБОТЕЊЕ“.
 
Семинарот дава одговори на следните прашања:
 
  • Што е тоа ИНКОТЕРМС и зошто 2020?
  • Зошто секоја фактура во надворешно-трговското работење содржи Инкотермс правило?
  • Што значи новото правило DPU?
  • Што е разликата помеѓу ИНКОТЕРМС 2010 и ИНКОТЕРМС 2020?
  • Кога имам контејнер дали треба да употребам FOB или FCA, CIP или CIF?
  • Чиј е ризикот кога стоките патуваат со правилото CPT (CPT Skopje)?
  • Што е разликата помеѓу CIP и CIF?  
  • Кои главни обврски ги имаат страните во секое одделно правило?
  • Како правилно да ги употребувам правилата ИНКОТЕРМС 2020?

Семинарот посветен на практична примена на INCOTERMS 2020 ќе даде одговор на најчестите дилеми со кои се соочуваат лицата од областа на меѓународно трговско работење и ќе овозможи стекнување на знаења неопходни за успешно обавување на работните процеси.

ПРОГРАМА:

- Што е тоа ИНКОТЕРМС и зошто 2020?

- Предностите на ИНКОТЕРМС

- Тие се дел од Договорот за ...?

- Што одредува, а што не, ИНКОТЕРМС 2020?

- ИНКОТЕРМС 2020 и институтските карго-клаузули за осигурување на стока;

- ИНКОТЕРМС 2020 и царинската вредност;

- Главни разлики помеѓу ИНКОТЕРМС 2010 и ИНКОТЕРМС 2020

- Основните карактеристики на сите правила ИНКОТЕРМС 2020:

   EXW, FCA, CPT, CIP, DAP,DPU, DDP, FAS, FOB, CFR, CIF;

- Примери од практиката.
 
Целна група:
 

Семинарот е намененет за: продавачи, купувачи, извозници, увозници, шпедитери, транспортери, царински застапници, царински работници, банки, осигурителни компании, трговски консултанти, адвокати, универзитети поврзани со национална и меѓународна трговија, логистичари, финансии и слично.

 
Предавач:
- Карло Змајшек, поседува повеќе од 30 годишно искуство во делот на шпедитерското работење. Претседател  е на МИФА (Македонската асоцијација на мегународни шпедитери и логистички оператори) и член од нејзиното основање во 1993 година. Во рамките на разни проекти и унапредување на знаењата има одржано повеќе од 200 интерактивни обуки од надворешно трговското работење, најмногу за Инкотермс. Автор е на книгата „Практичен прирачник за правилата ИНКОТЕРМС 2010“. Долгогодишен член на комисијата за полагање за лиценци за царинските посредици во Царинска управа. Исто е и обучувач во програмата за обука на царинските застапници. Активен директен учесник во секојдневните шпедитерските активности и предизвици во Макпетрол А.Д. каде во моментов работи во Секторот за транспортна логистика.
 
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 

-              работни материјали во електронска верзија;

-              ручeк и освежување;

-              сертификат за учество на семинарот.

Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 27.03.2026 година. Групата е ограничена на 25 учесници, а принципот на пријавување е прв пријавен – прв услужен.

Контакт лица:

 м-р Михајло Донев 

Телефон: 02 32 44 067  
 
 

м-р Елизабета А. Ефтимова

Телефон: 02 32 44 074