„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
12.05.2026 - 03.06.2026 , Обука
Стопанска комора на Северна Македонија, сала 1, 1-ви спрат
Во современиот деловен свет, финансиските одлуки се носат врз основа на огромни количини податоци кои бараат брза и прецизна обработка. Вештачката интелигенција (АИ) станува клучен партнер во овој процес – не само како технолошка иновација, туку и суштинска трансформација на начинот на кој организациите управуваат со ресурси, ризици и инвестиции. Со правилна употреба, АИ носи конкурентска предност, поголема сигурност и нови можности за раст.
Во насока на приближување на дигиталните вештини до секоја компанија, Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Семос Едукација, на 4 и 5 јуни 2026 година ја организираат обуката: „EXCEL СО COPILOT: НАПРЕДНА АНАЛИЗА И АВТОМАТИЗАЦИЈА НА ПОДАТОЦИ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“.
Оваа обука ги оспособува корисниците на Excel за поефикасна работа со податоци со примена на вештачка интелигенција со чија помош ќе научат како да ги автоматизираат секојдневните задачи, да генерираат формули, трансформираат и анализираат податоци и креираат извештаи и визуелизации директно во Excel.
Програмата на дводневната обука опфаќа основни концепти на вештачка интелигенција и начин на комуникација со AI алатка, како и практична примена за автоматизација на работни процеси, вклучувајќи и извршување на задачи во повеќе чекори преку само една команда.
Обуката е наменета за деловни професионалци, аналитичари на податоци, менаџери, административен персонал, членови на финансиски тимови, HR професионалци како и за сите кои користат Excel и сакаат да го унапредат својот начин на работа преку современи AI алатки и автоматизација.
Преку практични примери и реални сценарија, учесниците ќе стекнат вештини кои можат веднаш да ги применат во својата работа, со цел зголемување на продуктивноста, намалување на рачната работа и подобро искористување на податоците.Дополнително, учесниците ќе имаат можност да креираат сопствен финансиски AI агент, специјализиран за нивните работни процеси. Агентот ќе може да извршува рутини задачи, да обработува податоци, да креира извештаи и да поддржува финансиски одлуки — со што значително ќе ја зголеми ефикасноста и продуктивноста во работата.
Вовед во вештачка интелигенција (AI), машинско учење (ML) и големи јазични модели (LLM) и нивната улога во деловната анализа.
Модул 2: Вовед во Excel Copilot
Запознавање со интерфејсот, системските предуслови и основни команди за работа со Copilot во Excel.
Модул 3: Пишување ефективни команди (Prompt Engineering)
Креирање јасни и насочени команди преку C-G-P моделот (Контекст, Цел, Параметри) и подобрување на резултатите преку итеративен пристап.
Модул 4: Основна анализа на податоци со ВИ
Модул 5: Напредни функции на Copilot
Креирање формули (IF, SUMIFS, XLOOKUP), автоматско форматирање и генерирање PivotТабели со природен јазик.
Модул 6: Agent Mode – автоматизација на процеси
Користење на повеќечекорни команди за автоматизација на сложени задачи (пресметка, трансформација и резимирање).
Модул 7: Практични примени и проект
Практична работа со реален сет на податоци – анализа од почеток до крај и извлекување на клучни увиди.
Модул 8: Најдобри практики и ограничувања
Приватност на податоци, управување со ризици и решавање на најчести предизвици при работа со AI.
Сандра Златковска, eксперт за проектен менаџмент, маркетинг стратегии и примена на AI и дигитални алатки. Нејзината експертиза опфаќа планирање и реализација на интегрирани маркетинг кампањи, user acquisition, раст и монетизација, со силна основа во анализа на податоци, KPI следење и користење на аналитички пристапи за донесување одлуки. Во моментот е ангажирана како Project Manager и независен маркетинг и стратегиски консултант, каде работи на развој и имплементација на стратегии за раст и дигитализација. Како Senior Project Advisor во, учествува во иницијативи со повеќе засегнати страни, насочени кон маркетинг, дигитализација и одржлив развој. Дополнително, има искуство како член на жири во UNICEF Global Game Jam, каде придонесувала во иницијативи за развој на млади таленти и дигитални вештини на меѓународно ниво.
За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 03.06.2026 година.