„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
03.03.2026 - 17.03.2026 , Обука
сала 1, 5-ти кат Стопанска комора на Северна Македонија
Во динамична работна средина исполнета со рокови, одговорности и постојани промени, управувањето со стресот станува клучна вештина за одржување на професионална ефективност, фокус и лична благосостојба. Емоционалната интелигенција исто така фактор во подобро управување со емоциите во текот на денот, како и на градењето на поддржувачки релации и продуктивна работна средина.
· јасно разбирање на причините и ефектите од стресот во работна средина
· практични техники за брза стабилизација во стресни ситуации
· стратегии за одржување на енергија, мотивација и професионален баланс
· модел за примена на емоционалната интелигенција на работно место
Обуката е наменета за сопственици, претставници на бизнис заедницата од врвен и среден менаџмент, менаџери на човечки ресурси и други професионалци во оваа област.
· Подобра способност за препознавање на рани знаци на стрес
· Практични техники за брзо смирување и враќање на фокус
· Нови идеи за поголема енергија, концентрација и ментална јасност во текот на денот
· Повисоко ниво на разбирање на концептот на емоционална интелигенција на работно место
· Претставување на тренерите и учесниците
· Што е стрес и зошто се јавува
· Разлика помеѓу позитивен и негативен стрес
· Влијание врз здравјето, однесувањето и работната ефективност
· Вежба
· Практични техники за управување со стресот на работо место
· Вежби
· Емоционална интелигенција – Науката за емоциите и врската со стресот и продуктивноста на работно место
· Вежба
· Компетенции за развој на емоционална интелигенција – како да развиваме резилиентност низ подобро себеуправување
· Акциски план за примена во секојдневната работа – индивидуална работа
- материјали за реализација на вежбите
- работни материјали во електронска верзија
- сертификат за учество на работилницата
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 16.03.2026 година.