„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Пофално писмо до Комората за професионален ангажман од Тиквеш за имплементација на стандарди од Емилија Тодоровска експерт за областа во СКСМ

06.10.2026

| Новости

Компанијата ВВ Тиквеш испрати писмо до Комората со кое во име на раководството и вработените во компанијата искажуваат благодарност и особено признание за професионалниот ангажман, стручност и посветеност во процесот на воспоставување, унапредување и успешна имплементација и сертификација на стандардот за квалитет и безбедност на храната, од страна на Емилија Тодоровска, експерт за имплементација на стандарди и дел од стручниот тим на Стопанската комора.

Во писмото испратено на адреса на СКСМ, стои:

„Благодарение на Вашиот професионален пристап, во текот на соработката постигнавме значајни подобрувања во:

·       воспоставувањето и унапредувањето на системите и процедурите;

·       следливоста и контролата на процесите;

·       подигнувањето на нивото на квалитет и безбедност на храната;

·       зголемувањето на свесноста и одговорноста кај вработените;

·       подготвеноста на компанијата за сертификацискиот процес;

·       практичната примена на барањата на стандардите во секојдневното работење.

Со Вашата стручност и посветеност значително придонесовте во успешната сертификација, при што Вашата достапност и подготвеност да бидете директно вклучени во работата со нашите вработени и навремена реакција беа од особено значење. Во текот на целиот процес покажавте дека квалитетната консултантска поддршка не подразбира само пренесување на знаење, туку и активно учество, тимска работа и преземање одговорност за заедничкиот успех.

Вашиот однос кон нас беше професионален, коректен и исклучително посветен. Со својата комуникација и начин на работа успеавте да изградите доверба и да станете вистински партнер на нашиот тим во процесот на унапредување на работењето на компанијата.

 

ВВ Тиквеш, изразува благодарност за досегашната соработка и како што стои во писмото - со целосна доверба би ја препорачале професионалната работа на компании кои имаат потреба од стручна, практична и посветена поддршка при имплементација и сертификација на системи и стандарди.