„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
07.07.2026
Предлагач е Владата на РСМ.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН 2 Цели на Предлогот на закон за високото образование се: подигнување на општото образовно, научноистражувачко и применувачко ниво, како и нивото на уметничко творештво во Република Северна Македонија; создавање, заштита и пренесување на научни, стручни и уметнички знаења и вештини и нивна примена; развој на науката, поттикнување на технолошкиот развој и унапредување на уметничкото творештво и примена на научните сознанија во развојот на општеството; обезбедување научен, стручен и уметнички подмладок; овозможување секој поединец под еднакви услови да се здобие со високо образование и да се образува во текот на целиот живот; развивање на слободни, критички и креативни личности; зајакнување на вработливоста, компетитивноста и конкурентноста на младите и возрасните и развивање граѓанска одговорност кај академската заедница.