„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на Закон за научноистражувачката дејност

07.07.2026

 Предлагач е Владата на РСМ.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН координација Со Законот за научноистражувачка дејност се креира национална политика за наука, на научните активности и чинителите во научноистражувачката дејност на национално ниво како и начините на финансирање на науката. Основните цели кои треба да се постигнат со овој закон се:-Развој на ефикасен и конкурентен систем на научноистражувачка дејност.-Поттикнување на научната извонредност и меѓународната соработка.-Зголемување на вложувањата во истражување и развој.-Подобрување на условите за работа и кариера на истражувачите.-Поттикнување трансфер на знаење и иновации во економијата.- Академска слобода и интегритет- Транспарентност и конкурентност при финансирање- Интердисциплинарност и меѓународна соработка- Отворена наука и достапност на резултатите од истражувањата- Со цел зголемување на квалитетот и видливоста на научната работа истражувањата се спроведуваат со принципите на отворена наука со оптимално користење на научноистражувачката инфраструктура. Принципите на отворена наука и отворен пристап до научни публикации и податоци се засноваат на препораките на Европска комисија и меѓународна добра пракса. Посебен акцент во овој закон се става на спефични механизми за поддршка и стимулирање на млади истражувачи и постдокторанди со што за прв пат се воведува финансирање, создавање и унапредување на научноистражувачки потенцијали на студентите запишани на прв циклус студиски програми наука, технологија, инженерство и математика (СТЕМ), а од Буџетот на Република Северна Македонија се обезбедуваат средства за младински истражувачки проекти.