„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

CLAUDE FUNDAMENTALS: КАКО ДА ЈА ЗГОЛЕМИТЕ ПРОДУКТИВНОСТА СО AI – 3-4.11.2026

22.10.2026 - 02.11.2026 , Обука

Стопанска комора на Северна Македонија, сала 1, 1-ви спрат

Брзото и динамично бизнис опкружување во кое дигиталните технологии заземаат се поголем уддел во обавувањето на секојдневните задачи, ја наметнува потребата од нов сет на знаења и вештини кои ќе влијаат врз зголемување на продуктивноста и ефикасноста на вработените во остварувањето на секојдневните работни задачи.

Во насока на приближување на дигиталните вештини до секоја компанија, Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Семос Едукација, на 3 и 4 ноември 2026 година ја организираат обуката: „CLAUDE FUNDAMENTALS: КАКО ДА ЈА ЗГОЛЕМИТЕ ПРОДУКТИВНОСТА СО AI“

Оваа практична обука е наменета за деловни професионалци, административен персонал, вработени во продажба и маркетинг, HR професионалци, финансиски и сметководствени тимови како и корисници кои сакаат да ја интегрираат вештачката интелигенција во своите работни процеси.

Учесниците ќе научат како да формулираат јасни и ефективни барања, да подготвуваат мејлови и документи, да уредуваат и преведуваат текстови, како и да анализираат PDF, Word, Excel документи, да подготвуваат извештаи, објави, презентациски материјали и и слики. Обуката е приспособена за почетници и не бара техничко предзнаење. Секој учесник добива работни материјали, практични задачи и пристап до платен Claude профил за времетраењето на обуката, со што може практично да ги истражи релевантните функционалности на платформата.

Програмата започнува со запознавање со основните можности и интерфејсот на Claude, а потоа продолжува со практична примена при пишување и уредување содржини, анализа на документи, истражување и планирање на задачи. Посебно внимание е посветено на користењето на Projects како организиран работен простор и на Artifacts за креирање документи, табели, мини-алатки и презентациски материјали.

Преку практични вежби, реални деловни сценарија и завршен мини-проект, учесниците ќе стекнат знаења кои можат веднаш да ги применат во својата работа. Целта е да научат како побрзо да подготвуваат квалитетни материјали, поефикасно да обработуваат информации и да го користат Claude како сигурен AI асистент за зголемување на продуктивноста.

ПРОГРАМА:

Модул 1: Запознавање со Claude и неговите можности

Запознавање со AI асистентот Claude, неговите реални можности и начините на кои може да се користи во секојдневната работа. Регистрација, преглед на интерфејсот, отворање нов разговор, користење на историјата и прилагодување на основните поставки.

Модул 2: Пишување ефективни барања и промптови

Совладување на основните принципи за ефективна комуникација со Claude преку дефинирање конкретно барање, релевантен контекст, јасна цел и посакуван формат на одговорот. Итеративно подобрување на барањата и приспособување на резултатите според тонот, публиката и намената на содржината.

Модул 3: Подготовка на мејлови и деловна кореспонденција

Креирање формални и неформални мејлови, деловни дописи, покани, известувања и други форми на деловна комуникација. Приспособување на должината, структурата и тонот на пораката во зависност од целната публика и комуникациската цел.

Модул 4: Уредување, лектура и превод на текстови

Уредување и подобрување подолги текстови, CV, мотивациони писма, извештаи, објави и други работни материјали. Лектура, стилско подобрување, скратување и проширување на содржината, како и превод и приспособување на текстови од македонски на англиски јазик и обратно.

Модул 5: Анализа на PDF, Word, Excel документи и слики

Прикачување и анализа на различни видови документи и фајлови. Сумирање подолги документи, поставување насочени прашања врз основа на нивната содржина, извлекување клучни информации и споредување различни верзии на документи. Толкување табели, податоци и информации содржани во Excel документи и слики.

Модул 6: Истражување, планирање и организација на работата

Користење на Claude за истражување теми, структурирање идеи, планирање задачи и подготовка на работни материјали. Практична употреба на Claude како личен асистент за учење, организација и поефикасно извршување на секојдневните обврски.

Модул 7: Користење на Projects и Artifacts

Користење на Projects како организиран работен простор за чување и структурирање информации, документи, инструкции и материјали поврзани со конкретна тема или проект. Креирање и уредување документи, табели, мини-алатки и презентациски материјали преку Artifacts.

Модул 8: Безбедна и одговорна употреба на AI

Проверка на факти, препознавање потенцијални неточности и критичко оценување на содржината генерирана со AI. Добри практики за заштита на чувствителни информации и одговорно користење на AI алатките во личен и деловен контекст.

Модул 9: Практични деловни сценарија и завршен мини-проект

Практична примена на наученото преку реални деловни сценарија. Учесниците ќе работат на конкретна задача, при што ќе го користат Claude за структурирање на барањето, обработка на информации и подготовка на готов работен материјал.

Што ќе научите?

По завршување на обуката, учесниците ќе можат да:

  • Поставуваат јасни и ефективни барања кон Claude
  • Ги подобруваат своите промптови преку дополнителен контекст и насочени инструкции
  • Пишуваат формални и неформални мејлови и деловни дописи
  • Уредуваат, лекторираат, преведуваат и приспособуваат текстови
  • Го приспособуваат тонот и стилот на комуникацијата според целната публика
  • Прикачуваат и анализираат PDF, Word и Excel документи и слики
  • Сумираат подолги документи и брзо да извлекуваат клучни информации
  • Поставуваат насочени прашања врз основа на содржината на документите
  • Споредуваат различни верзии на документи и да ги издвојуваат главните разлики
  • Толкуваат табели, податоци и информации
  • Го користат Claude за истражување, учење и планирање задачи
  • Ги користат Projects за организација на информации, задачи и работни материјали
  • Да креираат документи, табели, мини-алатки и презентациски материјали преку Artifacts
  • Структурираат идеи, планови и работни процеси
  • Препознаваат потенцијални неточности во AI-генерираните резултати
  • Применуваат добри практики за безбедна и одговорна употреба на AI
Предавач:

Љубомир Давитков, AI консултант, обучувач за практична примена на генеративна вештачка интелигенција и автоматизација и софтверски инжинер со меѓународно професионално искуство со практична примена на генеративната вештачка интелигенција во деловното работење. Неговата експертиза ги поврзува AI алатките, автоматизацијата на работните процеси, развојот на софтвер и дигитализацијата, со цел компаниите да ја подобрат продуктивноста и поефикасно да ги организираат секојдневните активности.

Покрај искуството како AI консултант и обучувач, Љубомир е коосновач и софтверски инженер во ИТ консултантска компанија која обезбедува имплементација и приспособување на Odoo ERP решенија, како и услуги за дигитализација. Во рамките на компанијата е вклучен во техничката имплементација на решенијата, деловната анализа, продажните активности и управувањето со партнерскиот процес со Odoo.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:    
  • работни материјали во електронска верзија кои вклучуваат прирачник со готови промпт-шаблони, пристап до практични вежби и примери од обуката;
  • пристап до Premium лиценца за Claude за времетраење на обуката;
  • освежување
  • сертификат за учество на обуката.       

Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 30.10.2026 година.


Контакт лица:

м-р Михајло Донев                                                                 

Телефон: 02 32 44 067                                                        

mihajlo@mchamber.mk                                                        

             

м-р Елизабета А. Ефтимова                                                   

Телефон: 02 32 44 074
 

Календар на настани

AI ЗА ДОКУМЕНТАЦИЈА: КАКО ДА ОБРАБО...

06.10.2026 - 27.10.2026

4. Меѓународна конференција за логи...

05.10.2026 - 18.11.2026