„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

Еднодневен „Он-лајн“ семинар на тема: „CBAM“ РЕГУЛАТИВА ВО ПРАКСА: КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, УСОГЛАСЕНОСТ И ДОЛГОРОЧНА ОДРЖЛИВОСТ НА КОМПАНИИТЕ НА ПАЗАРОТ - Како да се припремат компаниите правилно да управуваат со јаглеродните ризиците?

18.05.2026 - 03.06.2026 , Семинар

  

 
Еднодневен „Он-лајн“ семинар на тема:

CBAM РЕГУЛАТИВА ВО ПРАКСА: КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, УСОГЛАСЕНОСТ И ДОЛГОРОЧНА ОДРЖЛИВОСТ НА КОМПАНИИТЕ НА ПАЗАРОТ

-        Како да се припремат компаниите правилно да управуваат со јаглеродните ризиците?

3 јуни 2026 година
 10:00 – 14:00 часот

Европската унија воведува сè построги барања во областа на климатската политика и намалување на емисиите на јаглерод преку примената на механизмот Carbon Border Adjustment Mechanism (CBAM).

Организациите кои работат со пазарот на ЕУ или соработуваат со сектори опфатени со CBAM регулативата се соочуваат со обврски поврзани со собирање податоци, известување и следење на емисиите на CO₂.

Навременото разбирање и усогласување со барањата на CBAM станува клучен фактор за одржување на конкурентноста и непречено работење со партнери од Европската унија.

Зошто оваа регулатива е КЛУЧНА за македонските компании?

CBAM не е само ЕУ регулатива – туку директен бизнис фактор за Македонија:

1. Директно влијание врз извозот

Голем дел од македонскиот извоз е насочен кон ЕУ → што значи дека компаниите ќе мора да се усогласат или да се соочат со дополнителни трошоци.

2. Нови финансиски обврски (CBAM е поврзан со системот EU Emissions Trading System)

Компаниите ќе имаат:

  • обврска за пресметка на CO₂ емисии;
  • потенцијални дополнителни трошоци;
  • притисок за инвестиции во зелени технологии .
3. Ризик ако не се реагира навреме
Без подготовка, компаниите ризикуваат:
  • губење на ЕУ партнери;
  • намалена конкурентност;
  • зголемени оперативни трошоци.
4. Можност за раст и позиционирање
Компаниите што навреме ќе се усогласат:
  • ќе добијат конкурентска предност;
  • ќе бидат попривлечни за странски партнери;
  • ќе имаат пристап до „зелени“ фондови и инвестиции.

ЗАКЛУЧОК: CBAM не е само регулатива – туку стратешка трансформација на начинот на работење.

Оваа обука им помага на компаниите:
  • да разберат што се бара од нив;
  • да избегнат идни трошоци;
  • и да се позиционираат како одговорни и конкурентни партнери на ЕУ пазарот.
ЦЕЛТА НА СЕМИНАРОТ:

Разбирање на барањата на CBAM регулативата со цел:

  • Усогласување на работењето со барањата на Европската унија;
  • Навремено следење и известување за вградени емисии на CO₂;
  • Унапредување на соработката и размената на податоци со добавувачи и партнери;
  • Намалување на ризикот од регулаторна неусогласеност и потенцијални финансиски последици;
  • Јакнење на ESG усогласеноста и конкурентноста на организацијата на ЕУ пазарот.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ СЕМИНАРОТ?

Индустриски сектори кои се дирекно опфатени со CBAM регулативата:

  • Челик;
  • Алуминиум;
  • Цемент;
  • вештачки ѓубрива;
  • електрична енергија.

Како и организации кои соработуваат со овие сектори.

Посебно е наменет за:
  • менаџери и тимови за ESG и одржливост;
  • тимови за регулаторна усогласеност и финансии;
  • оперативни тимови вклучени во собирање и анализа на податоци од добавувачи;
  • тимови за управување со производствени процеси.
АГЕНДА
10:00 – 10:45CBAM регулатива
  • CBAM – барања на ЕУ и регулаторна рамка;
  • Обврски на организациите при примена на CBAM;
  • Врска помеѓу CBAM и EU ETS системот.
10:45 – 11:45СЛЕДЕЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО CO ЕМИСИИ
  • Воспоставување интерна методологија за следење на вградени емисии;
  • Воспоставување систем за собирање и управување со податоци од добавувачи;
  • Евидентирање и обработка на податоци релевантни за CBAM известување;
  • Усогласување со националните правила за мониторинг и известување.
ПАУЗА 11:45-12:30

12:30-13:30 ИЗВЕСТУВАЊЕ И УСОГЛАСЕНОСТ

  • Подготовка и доставување извештаи согласно CBAM и ЕУ барањата;
  • Основни барања за веродостојност и следливост на податоците.
13:30-14:00 ПРАШАЊА И ДИСКУСИЈА
 
ПРЕДАВАЧ:
Мирјана Јеремиќ,  дипл. инженер по технологија

Консултант за системи за менаџмент, ESG и CBAM усогласеност и циркуларна економија.
Специјализирана за CBAM регулатива, управување со јаглероден отпечаток и примена на принципите на циркуларната економија во индустриски и услужни организации.

Работен јазик: српски

За сите учесници на „он-лајн“ семинарот ќе биде обезбедено:

 

-      Линк за приклучување на обуката преку платформата Webex Cisko;

-      Електронски работен материјал;

-      Електронски сертификат за присуство на семинарот.


Рок за пријавување: 01.06.2026 година.


Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова,     

телефон: 02 32 44 074