Семинар 05.10.2022 ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЦАРИНСКА ТАРИФА, НАМАЛУВАЊЕ И ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ ; ЗАДОЛЖИТЕЛНА ТАРИФНА ИНФОРМАЦИЈА КАКО ПРАВНА ГАРАНЦИЈА НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

Онлајн семинар



Стопанската комора на Северна Македонија, на 05.10.2022 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Примена на Законот за Царинска тарифа, намалување и ослободување од плаќање на царински давачки; Задолжителна тарифна информација како правна гаранција на бизнис заедницата за правилно распоредување на стоки согласно Царинска тарифа“ со цел економските оператори да се запознаат со одредбите и правилната примена на Законот за царинска тарифа, намалувањето и укинувањето на царински давачки со примена на измените на овој закон. Придобивките на економските оператори од примената на повластен тарифен третман заради крајна употреба на стоки. 
Во текот на онлајн работилницата ќе биде објаснет концептот на Задолжителна тарифна информација, како законска основа и постапка за стекнување со истата. Задолжителна тарифна информација како правна гаранција за економските оператори и планирање на увоз од аспект на наплата на увозни давачки и примен на мерки на трговска политика во државата.

Учесниците ќе добијат практични совети во врска со употребата на онлајн алатки кои сѐ бази на податоци поврзани со распоредување на стоки согласно Царинска тарифа може да се користат. 

ПРОГРАМА

1.    ЗАКОН ЗА ЦАРИНСКА ТАРИФА

-    Опфат на законски одредби.

2.    НОМЕНКЛАТУРА НА ЦАРИНСКА ТАРИФА

-    Видови на номенклатури на царинска тарифа;
-    Усогласување и менување на Царинска тарифа.

3.    ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ
-    Видови на цариски давачки пропишани со Закон за царинска тарифа;
-    Пресметка на царински давачки.

4.    НАМАЛУВАЊЕ И ОДЛОБОДУВАЊЕ ОД ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ
-    Автономни мерки;
-    Измена на закон за царинска тарифа;
-    Повластен тарифен третман заради крајна употреба на стока.

5.    ИНТЕГРИРАНА ТАРИФА - ТАРИМ
-     Структура и примена.

6.    ЗАДОЛЖИТЕЛНА ТАРИФНА ИНФОРМАЦИЈА
-    Законски основ;
-    Постапка за добивање на Задолжителна тарифна информација.

7.    Онлајн алатки.


Предавачи: 
- Тања Веселиновска, шеф на Служба за царинска тарифа во Одделение за царинска тарифа, вредност и потекло на стока при Сектор за царински систем во Царинската управа на Република Северна Македонија,

- Силвана Талеска Манева, Самостоен советник за царинска тарифа во Одделение за царинска тарифа, вредност и потекло на стока при Сектор за царински систем во Царинската управа на Република Северна Македонија.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Напатствија за приклучување на онлајн работилницата;
-    Е-сертификат и
-    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 3.10.2022 година.


    

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Форум, 07.12.2022
Покана за учество на МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИ БИЗНИС-ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ
Семинар, 14.12.2022
Excel Data Analysis – Анализа на продажбата
Форум, 14.12.2022
МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНЕЧКИ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ, Хотел "DoubleTree by Hilton"
Семинар, 15.12.2022
ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК, ПОДГОТОВКА НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА ЗАРАДИ НИВНО СКЛАДИРАЊЕ И СРЕДУВАЊЕ ВО АРХИВА, ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНА ГОДИНА
Конференција, 16.12.2022
ЕКОНОМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО 2023 ГОДИНА: КАКО ДА ГО ОДРЖИМЕ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ И ЈА ТРАНСФОРМИРАМЕ ЕКОНОМИЈАТА
Семинар, 20.12.2022
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОДАЖБАТА, НАЧИН НА КОМУНИКАЦИЈА СО КУПУВАЧИ, ОДРЖУВАЊЕ НА МОТИВАЦИЈА ЗА РАБОТА, ПРАКТИЧНИ АЛАТКИ ПРИ ПРОДАЖБА И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА САМОДОВЕРБА ВО НУДЕЊЕ НА ПРОИЗВОДИ
Семинар, 21.12.2022
УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ЗА УСОГЛАСЕНОСТ СО РЕГУЛАТИВАТА ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ЗАРАДИ ИЗБЕГНУВАЊЕ ПРЕКРШОЧНА ОДГОВОРНОСТ
Семинар, 21.12.2022
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА РАБОТА СО ГРАФИКОНИ, СОРТИРАЊЕ, РЕВИДИРАЊЕ И ЗАШТИТА НА РАБОТНИТЕ ДОКУМЕНТИ