Почитувани,
Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, Ве покануваат на он-лајн презентација за условите за аплицирање на отворениот јавен конкурс за инструментот за поддршка- Кoфинансирани грантови за новоосновани трговски друштва Старт-Ап и Спин-Оф.
Целта на јавниот конкурс е да се поттикне развој на иновативност кај новооснованите трговски друштва преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности поврзани со истражување и развој. Дополнително, се очекува да се поттикне развој на културата на преземање на ризик и на воведување иновации, да се обезбеди поддршка за правните лица кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес и/или услуга, како и да поттикне комерцијализација на резултатите од истражувањата спроведени во рамки на високообразовните односно научно-истражувачките установи.
Преку овој инструмент Фондот обезбедува финансиска поддршка за претпријатија не постари од 6 години до моментот на аплицирање или проектни тимови составени до максимум 5 лица.
Има две групи на кофинансирање од страна на ФИТР:
До €40,000 и до 90% од вкупниот буџет на проект за трговски друштва до 3 години постоење до моментот на аплицирање или за проекти поднесени од страна на проектен тим.
До €60,000 и до 85% од вкупниот буџет на проект за трговски друштва со над 3, а помалку од 6 години постоење до моментот на аплицирање.
Сите информации поврзани со јавниот повик се достапни на следниот линк:
https://fitr.mk/startapuvaj4/
Настанот ќе се одржи на 07.07.2022 (четврток), со почеток во 12:00 часот, преку зум апликацијата.
Сите заинтересирани за следење на настанот можат да се приклучат преку следниот линк:
Join Zoom Meeting:
https://us06web.zoom.us/j/89220141125?pwd=WlJBaGYrTFBGNnBzRkdkK1BCYWVqUT09
Meeting ID: 892 2014 1125
Passcode: 836874