Брокерски настан 12.10.2022 „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD AND BEVERAGES 2022“ БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ  

Стопанска комора на Австрија, Виена , Австрија



Стопанската комора на Австрија, во соработка со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Северна Македонија и со Стопанската комора на Северна Македонија, организира деловни средби меѓу австриски  фирми производители на прехранбени производи и интернационални увозници на прехранбени производи.

MARKETPLACE AUSTRIA FOOD AND BEVERAGES  претставува настан со 17-годишна традиција и со најголема посетеност, на кој присуствуваат компании производители на храна, како и трговци на мало и на големо од целиот свет.

Настанот претставува ексклузивна можност купувачите на храна и на пијалаци да се сретнат со добавувачи и со производители во Виена и да го доловат вкусот на Австрија. Целта е да ја зголемат својата мрежа на контакти, да пробаат нови производи, да запознаат нови добавувачи, да разменат нови идеи и да остварат деловна соработка со познати компании и експерти за производство и за трговија на големо и на мало со храна и со пијалаци од целиот свет. 

Настанот ќе се одржи на 12.10.2022 година (среда) во Стопанската комора на Австрија во Виена.

Ве информираме дека доколку сакате да учествувате на овој настан, како и на B2B-средбите, задолжително треба да се регистрирате на следниот линк: https://food2022.b2match.io/signup, каде што можете да ги видите сите компании кои се пријавени досега, да ја видите програмата и сите други релевантни информации во врска со настанот. Поради ситуацијата со COVID 19 купувачите, исто така, можат да учествуваат виртуелно, со што при регистрацијата тие мора да изберат меѓу „дискусии на самото место“ или „дискусии преку интернет“.

Рокот за пријавување е до 30.9.2022 година.

За компаниите кои ќе се пријават и кои ќе обезбедат учество на деловните (Б2Б) средби со австриските компании ќе бидат обезбедени:

-    две бесплатни хотелски ноќевања со појадок, 

доколку се исполнат следните услови:

•    компанијата учествува за првпат на пазарот или има учествувано последен пат пред 5 години (2017) и има најмалку 5 резервации за состаноци со австриски компании;
•    компанијата учествувала на локалниот пазар во Виена во последните 5 години и има најмалку 5 резервирани состаноци;
•    да достават портфолио со фотографии од производ како доказ дека компанијата е присутна на австрискиот пазар (супермаркет, хотел или ресторан) во последните 5 години.

Трошоците за превозот Скопје – Виена – Скопје се на товар на самите компании. 
 


Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009

м-р Ивана Анчев
++ 389 2 3244051

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Форум, 07.12.2022
Покана за учество на МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИ БИЗНИС-ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ
Семинар, 14.12.2022
Excel Data Analysis – Анализа на продажбата
Форум, 14.12.2022
МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНЕЧКИ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ, Хотел "DoubleTree by Hilton"
Семинар, 15.12.2022
ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК, ПОДГОТОВКА НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА ЗАРАДИ НИВНО СКЛАДИРАЊЕ И СРЕДУВАЊЕ ВО АРХИВА, ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНА ГОДИНА
Конференција, 16.12.2022
ЕКОНОМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО 2023 ГОДИНА: КАКО ДА ГО ОДРЖИМЕ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ И ЈА ТРАНСФОРМИРАМЕ ЕКОНОМИЈАТА
Семинар, 20.12.2022
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОДАЖБАТА, НАЧИН НА КОМУНИКАЦИЈА СО КУПУВАЧИ, ОДРЖУВАЊЕ НА МОТИВАЦИЈА ЗА РАБОТА, ПРАКТИЧНИ АЛАТКИ ПРИ ПРОДАЖБА И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА САМОДОВЕРБА ВО НУДЕЊЕ НА ПРОИЗВОДИ
Семинар, 21.12.2022
УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ЗА УСОГЛАСЕНОСТ СО РЕГУЛАТИВАТА ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ЗАРАДИ ИЗБЕГНУВАЊЕ ПРЕКРШОЧНА ОДГОВОРНОСТ
Семинар, 21.12.2022
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА РАБОТА СО ГРАФИКОНИ, СОРТИРАЊЕ, РЕВИДИРАЊЕ И ЗАШТИТА НА РАБОТНИТЕ ДОКУМЕНТИ