Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Италијанската бизнис асоцијација- „Confindustria“ Србија, Ве поканува да бидете дел од претстојниот бизнис настан за вмрежување „FARETE“, кој ќе се одржи на 7 и 8 септември 2022 година во Болоња (Италија).
Деловниот настан „FARETE“ е наменет за сите компании од регионот што имаат за цел да оставарат деловни средби со компании од Италија, и претставува одлична можност за пронаоѓање деловни партнери, но и за презентирање производи и услуги пред потенцијалните соработници. Настанот се организира десетта година по ред од страна на Confindustria Emilia (организација на бизнис-работодавачи која обединува компании од Региони Емилија-Ромања- Болоња, Модена и Ферара).
„Confindustria“ Србија, како меѓународно претставништво на италијанската бизнис асоцијација, е официјален партнер и претставник на овој значаен бизнис собир за балканскиот регион, со цел да се пронајдат, идентификуваат и одберат локални компании- потенцијални учесници на овој деловен настан.
Основни услови за учество за компаниите од регионот:
- компанијата се занимава со увоз или дистрибуција;
- веб страницата на англиски јазик;
- минимум 20 вработени;
- познавање на англиски или италијански јазик;
- секоја вклучена компанија мора да обезбеди најмалку 3 состаноци со италијански компании.
Учеството на компаниите од регионот (меѓународни купувачи) е бесплатно и покрива:
- патни трошоци;
- две ноќевања во хотел со 4*;
- трошоци за храна и пијалоци за времетраењето на настанот;
- трансфер од станица или аеродром во Италија до хотел и назад;
- Б2б средби со италијански компании регистрирани за програмата „Меѓународен клуб“.
Повеќе информации во врска со настанот можете, како и листата на досега пријавени компании, можете да најдете на следниот линк INTERNATIONAL CLUB IT - Farete (confindustriaemilia.it). Крајниот рок за пријавување е 26.06.2022 година (недела).
За подетални информации, Ве молиме контактирајте со лицето за контакт, м-р Сања Николова, тел: +389/3244-091, моб: 071/230-452, електронска адреса: sanja@mchamber.mk.
Во прилог:
- формулар за учество.