Семинар 24.06.2022 ДЕЛОВEН EXCEL ЗА СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА

Онлајн семинар



Стопанската комора на Северна Македонија организира онлајн семинар за практично изучување на основи на работа во Excel наменет за сите оние коишто сакаат да се здобијат со основни познавања за работа во оваа програма. Практичното знаење за работа во Excel е неопходно за сите без разлика дали сте невработени, студенти или вработени, без разлика на позицијата и работните задачи, бидејќи речиси секоја работна задача во својата содржина има потреба од водење на листи, евиденции, правење на пресметки и сл. 
Ова обука ќе ви овозможи да се стекнете со знаење на основните функции на работа во Excel и ќе придонесе за ваше поефикасно извршување на работните задачи, како и да ги надоградите своите лични вештини и способности. 

Обуката е наменета за:
Сите оние коишто сакаат да се здобијат со основни познавања за работа во Excel програмата.


Содржина на обуката:
1.  Вовед во работа во Excel (запознавање со работната средина на Excel).
2.  Работа со документи:
–    креирање на работна тетратка;
–    отварање и затворање на документ;
–    снимање на документ.
3.  Внесување на податоци:
–    рамка за внесување на формули;
–    внесување на податоци во ќелија;
–    корегирање и бришење на податоци.
4.  Уредување на податоци во табела:
–    Форматирање на табела;
–    операции со работни листови (sheet-ови);
–    Внесување на формули;
–    Печатење на документ;
5.  Креирање на графикони (Chart Wizard)


На основа на “живи“ примери од бизнис секторот се објаснува примената на сите наведени Ексел функции.

Предавач:
 

Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот во Валенсија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци. 

Сите заинтересирани за учество на овој онлајн семинар можат да се пријават најдоцна до 22.06.2022 година.


 

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015