Во организација Стопанската комора на Северна Македонија, a за потребите на бизнис заедницата, на 23 ноември 2023 година ќе се организира еднодневен „он-лајн“ семинар на тема: ВИДОВИ НА ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, РАБОТНИ ДОЗВОЛИ ЗА СТРАНЦИ, ИСПРАЌАЊЕ НА РАБОТНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА НА РАБОТА ВО СТРАНСТВО, ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА КАЈ РАБОТОДАВАЧОТ (ПРИМАРНА И СУДСКА ЗАШТИТА), ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТНИКОТ, РАБОТНО ВРЕМЕ.
Организираност и придобивки од семинарот:
Овој еднодневен семинар е организиран по принцип на тренинг-обука, со цел учесниците низ предавања и практични примери од пракса да се стекнат со нови и да ги унапредат постојните знаења во областа на работните односи, поконкретно за видовите на договори за вработување по основ на времетраење, сезонска работа, волонтирање/практикантство, менаџерски договори, работа од дома, видови на работни дозволи за странци со преглед на постапката и потребната документација, уреденост на постапката за испраќање на работници од Македонија во странство, остварување на правата кај работодавачот (примарна и судска заштита), отказ од страна на работникот при прекршување на правата од работен однос од страна на работодавачот, работно време (полно и скратено, прекувремена работа, прераспределба на работата).
За кого е наменет семинарот?
Семинарот е наменет за сите вработени во правните служби, адвокатите и правни практичари кои работат во областа на трудовото законодавство, менаџери во компаниите, управители на друштва, вработени во правните сектори и секторите за управување со човечки ресурси, како и за сите останати кои сакаат да го усовршат и надградат своето знаење или истото да го потврдат во делот на работните спорови, низ призма на искуството на правни практичари.
ПРОГРАМА:
Прв дел:
- Видови на договори за вработување во нашето законодавство согласно ЗРО;
- Договор на определено и неопределено време, договор за пробна работа, договор за сезонска работа;
- Договор за работа од дома,
- Менаџерски договор според ЗРО и Закон за трговски друштва;
- Договор за дело;
- Договор за практикантска работа и постапка за ангажирање на практиканти;
- Договор за волонтерска работа;
- Видови на дозволи за работа и престој во Северна Македонија за странци, постапка за добивање и продолжување на работна дозвола, потребна документација.
- Упатување на вработени во Македонски компании во странство;
Втор дел:
- Остварување на правата кај работодавачот согласно член 181 од ЗРО;
- Интерни акти за усогласување со други закони;
- Прекршочни постапки и глоби зa прекршување на правата од работен однос;
- Отказ од страна на работникот при прекршување на правата од работен однос од страна на работодавачот;
- Полно и скратено работно време;
- Правни основи за воведување на прекувремена работа;
- Распоредување и прераспределба на работното време;
- Работа во смени;
- Ноќна работа и ограничувања;
- Ноќна работа на жените во индустријата и градежништвото.
Предавачи:
- М-р Драган Лазаров, адвокат – партнер во Адвокатска канцеларија Лазаров од Скопје. Магистер по деловно право на Правниот факултет УКИМ. Работи на граѓанско-правна материја од областа на трговско и деловно право, инвестиции, недвижности, финансово право, трудово право и работни односи. Во својата пракса работи претежно со фирми од државата и странство и има широко практично искуство во деловното работење на трговските друштва. Неговото професионално портфолио опфаќа едни од најголемите домашни и странски инвестиции, како и трансакции.
- М-р Кристина Томашевска – Блажевска, aдвокат, вработена во Адвокатска канцеларија Адвокат Драган Лазаров, магистер по граѓанско право со повеќегодишно искуство од областа на деловно право, инвестиции, заштита на лични податоци, трудово право и работни односи, застапување во граѓански судски постапки, управни постапки и управни спорови.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- Учеството на семинарот е преку платформата webex cisko за што ден пред реалзација ќе добиете линк за приклучување.
- Електронски ќе ви биде доставен сертификат и работни материјали.
Последен рок за пријавување е 20.11.2023 година.