Во организација Стопанската комора на Северна Македонија, за потребите на бизнис заедницата, на 21 септември 2023 година ќе се организира еднодневен „он-лајн“ семинар на тема: ВИДОВИ НА ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, РАБОТНИ ДОЗВОЛИ ЗА СТРАНЦИ, ИСПРАЌАЊЕ НА РАБОТНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА НА РАБОТА ВО СТРАНСТВО, ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО (МОБИНГ) СО СУДСКА ЗАШТИТА, ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА КАЈ РАБОТОДАВАЧОТ (ПРИМАРНА И СУДСКА ЗАШТИТА), ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТНИКОТ, РАБОТНО ВРЕМЕ.
Организираност и придобивки од семинарот:
Овој еднодневен семинар е организиран по принцип на тренинг-обука, со цел учесниците низ предавања и практични примери од пракса да се стекнат со нови и да ги унапредат постојните знаења во областа на работните односи, поконкретно за видовите на договори за вработување по основ на времетраење, сезонска работа, волонтирање/практикантство, менаџерски договори, работа од дома, видови на работни дозволи за странци со преглед на постапката и потребната документација, уреденост на постапката за испраќање на работници од Македонија во странство, психичко вознемирување на работно место, што се смета за мобинг, а кои дејствија не се сметаат како мобинг, правни акти кои мора да ги усвојат работодавците согласно Законот за заштита од вознемирување на работно место, постапка за заштита од вознемирување на работно место што треба да ја спроведат работодавците, краток осврт кон судската пракса за мобинг, остварување на правата кај работодавачот (примарна и судска заштита), отказ од страна на работникот при прекршување на правата од работен однос од страна на работодавачот, работно време (полно и скратено, прекувремена работа, прераспределба на работата).
За кого е наменет семинарот?
Семинарот е наменет за сите вработени во правните служби, адвокатите и правни практичари кои работат во областа на трудовото законодавство, менаџери во компаниите, управители на друштва, вработени во правните сектори и секторите за управување со човечки ресурси, како и за сите останати кои сакаат да го усовршат и надградат своето знаење или истото да го потврдат во делот на работните спорови, низ призма на искуството на правни практичари.
ПРОГРАМА:
Прв дел:
- Видови на договори за вработување во нашето законодавство согласно ЗРО;
- Договор на определено и неопределено време, договор за пробна работа, договор за работа од дома, договор за сезонска работа, менаџерски договор;
- Договор за дело;
- Договор за практикантска работа;
- Договор за волонтерска работа;
- Видови на дозволи за работа и престој во Северна Македонија за странци, постапка за добивање и продолжување на работна дозвола, потребна документација.
- Упатување на вработени во Македонски компании во странство;
Втор дел:
- Поим на психичко вознемирување на работно место (мобинг);
- Дејствија кои се сметаат за мобинг;
- Дејствија кои не се сметаат за мобинг;
- Правни акти кои мора да се усвојат согласно Закон за заштита од вознемирување на работно место;
- Постапка за заштита од вознемирување на работно место која ја спроведуваат работодавците;
- Судска пракса за мобинг;
- Остварување на правата кај работодавачот согласно член 181 од ЗРО;
- Отказ од страна на работникот при прекршување на правата од работен однос од страна на работодавачот;
- Полно и скратено работно време;
- Правни основи за воведување на прекувремена работа;
- Распоредување и прераспределба на работното време;
- Работа во смени;
- Ноќна работа и ограничувања;
- Ноќна работа на жените во индустријата и градежништвото.
Предавачи:
- М-р Драган Лазаров, адвокат – партнер во Адвокатска канцеларија Лазаров од Скопје. Магистер по деловно право на Правниот факултет УКИМ. Работи на граѓанско-правна материја од областа на трговско и деловно право, инвестиции, недвижности, финансово право, трудово право и работни односи. Во својата пракса работи претежно со фирми од државата и странство и има широко практично искуство во деловното работење на трговските друштва. Неговото професионално портфолио опфаќа едни од најголемите домашни и странски инвестиции, како и трансакции.
- М-р Кристина Томашевска – Блажевска, Адвокат, вработена во Адвокатска канцеларија Адвокат Драган Лазаров, магистер по граѓанско право со повеќегодишно искуство од областа на деловно право, инвестиции, заштита на лични податоци, трудово право и работни односи, застапување во граѓански судски постапки, управни постапки и управни спорови.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- Учеството на семинарот е преку платформата webex cisko за што ден пред реалзација ќе добиете линк за приклучување.
- Електронски ќе ви биде доставен сертификат и работни материјали.
Последен рок за пријавување е 18 септември 2023 година.