Целта на „онлајн“ семинарот е да се разработат тактиките кои се однесуваат на начинот на зголемување на продажбата, поголема самодоверба во нудење на производи или услуги, преземање иницијатива за продавање и пронаоѓање на потенцијални клиенти, користење на напредни алатки за продажба, развивање на позитивна работна средина и мотивација за успех. Продажбата е клучниот момент за функционирање на еден бизнис. Без разлика дали нудиме производ или услуга, бизнисот мора да продава. Колку повеќе се развива техниката за продажба, толку поголем приход ќе има. Предвидени се практични примери и вежби за решавање на приговори и справување со конфликти. Ќе се потенцира практичната примена на комуникациски вештини во продажба и применливи стратегии.
Семинарот е интерактивен со практични вежби и симулација на реални ситуации.
Програма на семинарот:
- Вовед во продажни вештини;
- Структура на продажен процес;
- Што е Mindset и зошто ни е важен?
- Самодоверба во нудење;
- Мотивација без материјални награди;
- Каде да пронајдеме клиенти?
- Техники на продажба;
- Тактики на креирање потреба за производот;
- Активно слушање;
- Главен адут во продавањето;
- CTA (Call to action);
- Решавање приговори со практични примери;
- Стратегија на комуникација;
- Контрола на разговор;
- Практични совети и активности за одржување на мотивација.
Целна група за семинарот:
-за сите сопственици и менаџери на компании кои се занимаваат со продажба и имаат желба да инкорпорираат нови техники и алатки за поголема продажба, директори за продажба и маркетинг, млади претприемачи кои сакаат да започнат свој бизнис како и за сите ентузијасти кои се подготвени да ги унапредат техниките на директна продажба и електронска трговија.
Предавач:
-м-р Сањица Србиновска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Легаси ДООЕЛ“ со над 10-годишно искуство во делот на продажба и мотивација, со голем број на признанија и награди.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
-Работни материјали во електронска верзија
-Бесплатен Прирачник за продажба во електронска верзија
Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 25.1.2023 година.