Програмата за табеларно пресметување, MS Excel, секојдневно во пракса, го олеснува и унапредува работењето, поради што може да се каже дека познавањето на оваа програма, практично претставува стандард во деловниот свет. Успешните компании одличното познавање на MS Excel го ставаат како еден од главните услови за вработување и професионално напредување.
Семинарот е наменет за сите кои сакаат да ги унапредат своите знаења и вештини како би биле поподготвени за идни деловни предизвици. Содржините се кратки и јасни, без премногу теорија и со конкретни примери од пракса кои ќе Ви овозможат лесно да го разберете градивото и да го примените стекнатото знаење. Семинарот вклучува и креирање на Dashboard (контролни табли) – визуелен приказ на податоци преку кој се олеснува разбирањето на сложените податоци. Станува збор за визуелен интерфејс на група меѓусебно поврзани извештаи.
Основен услов е учесникот да има познавања од работа со компјутер и основни познавања на програмата за табеларно пресметување – Excel 2016.
Теми кои ќе бидат опфатени на семинарот:
• Работа со табели;
• Групирање на податоци;
• Валидност на податоци;
• Условно форматирање;
• Работа со формули и функции;
• Замрзнување редици/колони;
• Графички приказ на податоци во рамки на ќелија (Sparklines);
• Пивот табели;
• Креирање контролни табли (Dashboards);
• Заштита на работни листови и датотеки.
По завршување на семинарот, учесникот ќе биде во можност да:
• Практично применува табеларни пресметки;
• Групира податоци и работи со големи табели;
• Креира табели со пресметки кои самите автоматски се пополнуваат;
• Применува условно форматирање и валидација на податоци;
• Креира графикони во рамки на ќелија;
• Користи пивот табели;
• Креира комплексни интерактивни извештаи со кои се добива нов поглед на деловните информации;
• Заштитува работни листови и датотеки;
• Користи контролни табли за креирање комплексни анализи.
Придобивките на компаниите и организациите од примената:
- Генерирање квалитетни работни вештини;
- Олеснета деловна администрација;
- Ефикасно користење на работното време;
- Полесно и побрзо креирање квалитетни информации како подлога за одлучување;
- Оптимизација во работењето со користење на прави информации;
- Подобар увид во работењето.
Предавач:
Ирина Иванова, дипломиран инженер и професор по информатика повеќе од 20 години. Обучувач во областа на ИТ. Активно е вклучена во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Британски Совет како експерт и обучувач. Воедно е и Scientix амбасадор за Македонија. Учесник е на бројни конференции, но и автор на прирачници за основно и учебници за средно образование.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Напатствија за приклучување на онлајн семинарот;
- Е-сертификат и
- Работни материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на овој онлајн семинар можат да се пријават најдоцна до 23.11.2022 година.