НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 25.9.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (25.09.2021, во 12:18:36)
👁 Прочитано: 130



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 25.9.
25.9.1493 година, Христофор Колумбо испловил од пристаништето во Кадис на своето второ патување кон Новиот Свет.
25.9.1825 година, меѓу Дарлингтон и Стоктон, во Велика Британија, била пуштена во сообраќај првата железничка линија за јавен сообраќај. Овој ден се смета за почеток на историјата на железничкиот сообраќај.
25.9.1946 година, во Скопје е основано Работничко културно-уметничкото друштво „Кочо Рацин“. Друштвото го формирал Месниот синдикален совет на Скопје, со цел да ги обедини работниците и службениците заради развивање на културно-просветната дејност.
25.9.1990 година, Нелсон Мандела бил пуштен на слобода.
25.9.1999 година, во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“ излегол првиот број на весникот „Скок“.
Служба за информирање при Комората