НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 15.9.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (15.09.2021, во 14:33:48)
👁 Прочитано: 75



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 15.9.
15.9.1786 година, италијанскиот лекар и природонаучник Лујџи Галвани ја открил струјата, која според неговото име подоцна е наречена — галванска.
15.9.1822 година, францускиот ориенталист Жан Франсоа Шамполион успеал прв да ги дешифрира хиероглифите на Каменот од Розета најден во египетското место Решид, во 1799 година. Тој утврдил дека хиероглифите не се симболично, туку фонетско писмо. Шамполион е основач на египтологијата.
15.9.1835 година, бродот „Бигл“ со Чарлс Дарвин пристигнал на островите Галапагос.
15.9.1993 година, во Скопје е регистрирана Асоцијацијата на европските студентски структури при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Служба за информирање при Комората