НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 02.8.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (02.08.2021, во 14:11:20)
👁 Прочитано: 102



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 02.8.
02.8.1903 година, почна Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт, еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ.
02.8.1924 година, роден е Џејмс Болдвин, американски писател.
02.8.1942 година, родена е Изабел Аљенде, чилеанска писателка.
02.8.1944 година, во манастирот Свети Прохор Пчински, во присуство на 122 преставници на македонскиот народ е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Македонскиот народ (АСНОМ).
Стопанската комора на Северна Македонија, на граѓаните на Република Северна Македонија им го честита 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.
Служба за информирање при Комората