НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 22.7.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (22.07.2021, во 15:08:28)
👁 Прочитано: 102



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 22.7.
22.7.1099 година, Првата крстоносна војна: Годфрид Бујонски е избран за прв Бранител на Светиот Гроб на Ерусалимското Кралство.
22.7.1894 година, првата воопшто моторизирана трка се одржала во Франција, на 128-километарски пат помеѓу Париз и Руан. Победил Албер де Дион, основачот на Тур де Франс.
22.7.1933 година, американскиот воздухопловец Вили Пост го извел првото самостојно летање со авион околу Земјината топка. Прелетал 25.000 километри со 14 застанувања за 7 дена, 18 часа и 45 минути.
22.7.1948 година,во Скопје, со одлука на Владата на НРМ, е основан Институтот за национална историја.
Служба за информирање при Комората