НА ДЕНЕШЕН ДЕН,14.6.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (14.06.2021, во 16:20:18)
👁 Прочитано: 139



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН,14.6.
14.6.1777 година, знамето на САД со 13 црвено-бели ленти и 13 ѕвезди на сино поле во горниот лев агол е усвоено од Конгресот на САД.
14.6.1789 година, виски дестилирано од пченка за првпат е произведено од американскиот свештеник Елаја Крејг. Го нарекле Бурбон по местото на настанување: областа Бурбон во Кентаки.
14.6.1928 година, роден е Ернесто Рафаел Гевара де ла Серна (Че Гевара) — јужноамерикански револуционер и борец за слобода.
14.6.1962 година, во Париз, е основана Европската организација за истражување на вселената, подоцна преименувана во Европска вселенска агенција.
14.6.1993 година, Тансу Чилер стана прва жена премиер во историјата на Турција.
14.4.1996 година, во Скопје е отворен Британскиот информативен центар.
Служба за информирање при Комората