НА ДЕНЕШЕН ДЕН,03.04.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (04.05.2021, во 11:39:19)
👁 Прочитано: 86



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН,03.04.
3.5.612 година е роден Константин III Ираклиј, византиски цар.
3.5.1469 година е роден Николо Макијавели, италијански политичар, дипломат, поет и комедиограф.
3.5.1917 година е роден Киро Глигоров, македонски и југословенски политичар, прв претседател на Република Македонија.
3.5.1920 година е роден Киро Билбиловски, македонски филмски снимател.
3.5.1922 година, во Париз, е основан Меѓународниот железнички сојуз.
3.5.1937 година е роден Миле Маневски, македонски писател.
3.5.1945 година Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, на предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета, донела решение за утврдување на македонската азбука. Азбуката првпат била отпечатена во весникот „Нова Македонија“ број 104, на 4 мај 1945 година.
3.5.1979 година, со убедлива победа на конзервативците на британските Парламентарни избори, Маргарет Тачер станала првата жена премиер во британската историја.
Служба за информирање при Комората