НА ДЕНЕШЕН ДЕН,23.04.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (23.04.2021, во 10:20:04)
👁 Прочитано: 73



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН,23.04.
23.4.1858 година е роден Макс Планк, германски физичар.
23.4.1891 година е роден Сергеј Прокофјев, руски и советски композитор.
23.4.1899 година е роден Бертил Олин, шведски економист и политичар.
23.4.1928 година е родена Ширли Темпл, американска глумица.
23.4.1954 година е роден Мајкл Мур, американски режисер.
23.4.1972 година во Скопје е поставен камен-темелникот на Соборниот архиепископски храм на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“, кој е осветен на 12 август 1990 година.
23.4.1996 година УНЕСКО го промовира Светскиот ден на книгата по повод годишнината од смртта на Сервантес, Шекспир и на Де Ла Вега.
Служба за информирање при Комората