НА ДЕНЕШЕН ДЕН,07.04.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (07.04.2021, во 21:45:12)
👁 Прочитано: 63



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН,07.04.
7.4.529 година во Цариград бил издаден првиот нацрт на Јустинијановиот законик (Corpus iustis civilis)) — кодификација на царските закони од II век дотогаш.
7.4.1348 година во Прага е основан Карловиот универзитет, прв во Средна Европа.
7.4.1795 година Франција го усвоила метарот како основна мерка за должина.
7.4.1939 година е роден Френсис Форд Копола, американски режисер.
7.4.1944 година е роден Герхард Шредер, германски канцелар.
7.4.1948 година, во рамките на Обединетите нации, е основана Светската здравствена организација.
7.4.1963 година е усвоен новиот устав на Југославија, со кој таа се преименувала во Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), а Јосип Броз Тито е прогласен за доживотен претседател.
7.4.2012 година Џојс Банда станала првата жена претседател на Малави.
Служба за информирање при Комората