НА ДЕНЕШЕН ДЕН,03.03.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (03.03.2021)
👁 Прочитано: 124



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН,03.03.
3.3.847 година е роден Александар Грахам Бел, американски пронаоѓач, физичар и творец на телефонот.
3.3.1822 година повеќе од 8.000 востаници и цивилно население во Његуш го прогласија избувнувањето на Његушкото востание против османлиското владеење. Во Востанието учествуваа Македонци, Грци и Власи и тоа претставува предвесник на разгорувањето на националноослободителното движење на македонскиот народ.
3.3.1878 година, по завршувањето на Руско-турската војна, склучен е Санстефанскиот мировен договор, со кој Бугарија добила независност и големи територии. Поради несогласувањето на големите сили со Договорот, само 3 месеци подоцна е одржан Берлинскиот конгрес, на кој е извршена ревизија. Ова е Ден на независноста на Бугарија.
3.3.1898 година е роден Харалампие Манчев, македонски медицински научен истражувач.
3.3.1915 година е роден Страшо Пинџур, народен херој на Македонија.
3.3.1918 година е потпишан Брест-литовскиот договор меѓу Русија и Централните сили, со кој Русија излегла од Првата светска војна.
3.3.1953 година е родена Јагода Михајловска-Георгиева, македонска писателка и есеистка.
3.3.2002 година во Швајцарија се одржал референдум, на кој граѓаните се изјасниле за влез во Обединетите нации.
Служба за информирање при Комората