НА ДЕНЕШЕН ДЕН,23.02.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (23.02.2021)
👁 Прочитано: 60



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН,23.02.
23.2.303 година царот Диоклецијан наредил да се урне новоизградената црква во Никомедија, а следниот ден наредил да се уништат сите христијански храмови и списи во Римското Царство.
23.2.1685 година е роден Георг Фридрих Хендл, германскo-англиски композитор.
23.2.1905 година американскиот адвокат Пол Перси Харис во Чикаго го основа Клубот „Ротари“.
23.2.1919 година Бенито Мусолини ја формира Фашистичката партија на Италија.
23.2.1940 година е роден Питер Фонда, американски глумец.
23.2.1947 година во Женева е основана Меѓународната организација за стандардизација (ISO).
23.2.1964 година е роден Зоран Русоманов, македонски одбојкар.
23.2.1967 година е основана Македонската академија на науките и уметностите.
23.2.1994 година, на падините на Шар Планина, во близина на Тетово, беа предадени во редовно производство четири мали хидроцентрали на водоснабдително-енергетскиот систем „Попова Шапка“.
Служба за информирање при Комората