НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 27.1.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (27.01.2021)
👁 Прочитано: 131



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 27.1.
27.1.1585 година, роден е Хендрик Аверкамп, пејзажист од златното време на холандското сликарство
27.1.1687 година, роден е Балтазар Нојман, германски барокен архитект.
27.1.1756 година, роден е Волфганг Амадеус Моцарт, австриски композитор.
27.1.1910 година, роден е Едвард Кардељ , словенски политичар, министер за надворешни работи на СФР Југославија.
27.1.1916 година, во Берлин е формирана социјалистичка револуционерна организација „Сојуз на спартаковците“, на чие чело се наоѓаа Роза Луксембург и Карл Либкнехт.
27.1.1945 година, Црвената армија го ослободи Аушвиц, најголемиот и најстраотниот логор во Втората светска војна.
На сите граѓани припадници на српската заедница во Република Северна Македонија им го честитаме празникот Свети Сава.
Служба за информирање при Комората