НА ДЕНЕШЕН ДЕН,25.01.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (25.01.2021)
👁 Прочитано: 95



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН,25.01.
25.1.1533 година, Англискиот крал Хенри VIII се ожени со Ана Болејн, спротивно на ставот на папата кој не му дозволи развод од првата сопруга Катерина Арагонска.
25.1.1882 година, родена е Вирџинија Вулф, англиска писателка и есеистка.
25.1.1904 година, излезе првиот број на белградскиот весник „Политика“.
25.1.1918 година, со цел да згасне контрареволуционерната побуна создадена е Црвената армија.
25.1.1924 година, во францускиот град Шамони почнаа првите Зимски олимписки игри.
25.1.1977 година, роден е Стефан Миленковиќ, српски виолинист.
25.1.1981 година, роден е Тоше Проески, македонски пејач.
25.1.1991 година, Македонското собрание ја усвојува Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија.
Служба за информирање при Комората