НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 14.01.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (14.01.2021)
👁 Прочитано: 103



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 14.01.
14.1.1860 година е роден Атанас Бадев, македонски композитор и музиколог.
14.1.1914 година Хенри Форд, кралот на американската автомобилска индустрија, ја пушти во употреба првата бескрајна производна лента. Тоа значеше пресвртница бидејќи го забрза производството на автомобили и придонесе за големо намалување на нивната цена.
14.1.1969 година во СССР се лансирани во вселената бродовите „Сојуз 4“ и „Сојуз 5“ и за првпат во историјата е формирана експериментална вселенска станица и е остварено преминување на астронаутите од еден во друг вселенски брод.
14.1.1994 година Фудбалскиот сојуз на Македонија стана придружен член на Европскиот фудбалски сојуз.
Служба за информирање при Комората