НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 13.01.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (13.01.2021)
👁 Прочитано: 86


Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 13.01.
13.1.1610 година Галилео Галилеј го открил Ганимед, четвртиот сателит на Јупитер.
13.1.1785 година Џон Волтер во Лондон го објавил првиот број на „Тајмс“ (The Times).
13.1.1806 година е роден Јован Стерија Поповиќ, српски писател.
13.1.1864 година е роден Вилхелм Вин, германски физичар и нобеловец, познат по својот закон за топлинското зрачење на апсолутните црни тела.
13.1.1898 година Емил Зола во парискиот весник „Аурора“ го објавил написот „Обвинувам!“, со кој ја обелоденил аферата „Драјфус“ и ја обвинил француската Влада за дискриминација на Евреите.
13.1.1920 година е роден Христо Стамболиев, еден од основачите на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и негов прв декан.
13.1.1938 година Англиканската црква ја прифатила теоријата за еволуцијата на живиот свет.
13.1.1953 година Јосип Броз-Тито е избран за претседател на Југославија.
13.1.1977 година е роден Орландо Блум, англиски глумец.
Служба за информирање при Комората