НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 18.10
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (18.10.2020)
👁 Прочитано: 99


Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 18.10
18.10.1130 година, роден е Џу Си, најзначајниот филозоф на конфучијанството по Конфучиј.
18.10.1867 година, Владата на САД го купила од Русија, Полуостровот Алјаска за 7,2 милиони тогашни долари.
18.10.1898 година, родена е Вера Циривири Трена, носител на „Партизанска споменица 1941“, прв претседател на АФЖ на Македонија.
18.10.1912 година, во Лозана, Турција и Италија го потпишале Лозанскиот договор, со што завршила Италијанско-турската војна (1911-1912).
18.10.1956 година, родена е Мартина Навратилова, чешка и американска тенисерка.
18.10.1962 година, после неколку дневните поројни дождови, реката Вардар се излеала во градот Скопје. Бидејќи не било регулирано коритото на реката, поплавата го зафатила целиот град, сè до насипот во населбата Пролет. Поплавата траела три дена, но б
18.10.1967 година, како прва во историјата на космонаутиката, советската атомска меѓупланетарна станица „Венера 4“, спуштила научна лабораторија на површината на планетата Венера. Со автоматските апарати успешно се испитани атмосферата и површината н
Служба за информирање при Комората