Официјално претставување на Блумберг Адриа пред деловната заедница во Скопје
➢ Актуелно (30.09.2022, во 09:35:18)
👁 Прочитано: 1031




Официјално претставување на Блумберг Адриа пред деловната заедница во СкопјеКликни за повеќе

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и потпретседателот на Комората, д-р Јелисавета Георгиева Јовевска присуствуваа на официјалното претставување на проектот Блумберг Адриа во Скопје. На свечениот настан на кој беше претставен аналитичкиот тим и работата на Блумберг адриа, во име на Стопанската комора на Северна Македонија се обрати д-р Георгиева Јовевска и ги пренесе честитките за новата информативна мрежа, фокусирана на деловни и финансиски вести.

Блумберг е глобално познат по веродостојни деловни информации и експертски анализи на кои бизнисот им верува. И ваква платформа е многу значајна во нашата земја посебно што сега добиваме поврзување на информациите од целиот регион, од Југоисточна Европа, но и од целиот свет, на едно место. Нам како Комора особено ни е важна комуникацијата со медиумите кои имаат голема општествена улога, го формираат јавното мислење, воспоставуваат трендови и секако создаваат публика.

Достапноста до точни информации и размената на информации на регионално ниво од сигурни извори е многу важна. Очекуваме Блумберг Адриа да биде местото каде ќе се споделуваат мислења, анализи и информации кои ќе ја обликуваат економијата во регионот и ќе му помогнат на бизнис секторот во тековната работа, но и подолгорочно полесно да носи одлуки за идни инвестиции во нашата земја и пошироко во регионот.

Блумберг Адриа, како прва мултиплатформска мрежа за бизнис вести во Југоисточна Европа, работи под лиценца на светскиот гигант во областа на медиумите, престижниот бренд Bloomberg. Повеќе од 130 новинари, аналитичари, финансиски и други експерти објавуваат деловни и финансиски вести и анализи од редакциите во Белград, Загреб, Љубљана, Скопје и Сараево.

Служба за информирање при Комората