ПРОДОЛЖЕНА МЕРКАТА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА МАРЖАТА КАЈ ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ДО КРАЈ НА ГОДИНАТА
➢ Актуелно (20.09.2022, во 20:04:59)
👁 Прочитано: 1074




ПРОДОЛЖЕНА МЕРКАТА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА МАРЖАТА КАЈ ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ДО КРАЈ НА ГОДИНАТАКликни за повеќе

 

Ограничувањето на маржите на основните прехранбени производи ќе важи до крајот на годината, одлучи Владата на РСМ согласно предлог на Министерството за економија. Таква одлука е донесена согласно состојбата на пазарот која укажува дека цените не се стабилизирани.

Мерката за ограничување на маржите требаше да важи до крај на септември, но со новата одлука е продолжена за уште три месеци.

Владата ја ограничи трговската маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало. Таа важи за белиот леб, шеќер како и за рафинираното сончогледово масло и е во висина до 5 проценти во трговијата на големо и до 5 отсто во трговијата на мало.

За брашно од пченица, за макарони, македонски бел ориз, трајно кравјо млеко и за јајца од кокошка е утврдена трговска маржа во висина до 10 проценти. Мерката, како што е пропишано, важи до крајот на месецов.

Цените на основните производи нагло пораснаа годинава поради растот на цените на енергенсите на светските пазари, а и поради прекинатиот ланец на снабдување поради војната во Украина.

Васко Ристовски
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување