РЕГИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА КВАЛИФИКАЦИИ СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ НА БИЗНИСОТ
➢ Актуелно (20.09.2022, во 16:00:59)
👁 Прочитано: 233




РЕГИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА КВАЛИФИКАЦИИ СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ НА БИЗНИСОТ

Развивањето на регионалните стандарди на квалификации според барањата на бизнис заедницата беше темата на втората регионална работилница, организирана од страна на Секретаријатот за иницијативи за европските образовни реформи во Југоисточна Европа (ЕРИСЕЕ) во рамките на проектот „Подобрување на квалитетот во образованието и обуката“.

На работилницата учество зедоа претставници од образовните институции од Западен Балкан (центрите за стручно образование и обука, агенциите за квалификации и стручни училишта) и компаниите, како претставник од Стопанската комора.

Основа за дизајнирање на регионалните стандарди на занимања и квалификации претставуваа анализите за потребните вештини и квалификации побарувани од страна на бизнис заедницата во земјите од Западен Балкан. Врз основа на таквите анализи, беше договорена изработка на стандардот на занимање и стандардот на квалификација Агротехнихничар за традиционално и органско производство од земјоделско-прехранбениот сектор. Во изработката на стандардите на занимања и стандардите на квалификации во работната група учествуваа преставници од компаниите: Битолска млекара АД, Битола и Aгрија, Велес,  членки на Комората и преставник од Стопанската комора.

Дизајнирањето на регионалните стандарди на занимања и квалификации е резултат на зајакнувањето на економската соработка на земјите од Западен Балкан. Стекнувањето на квалификациите врз основа на заедничките стандарди на занимања и квалификации ќе го олеснуваат процесот на признавање на квалификациите на земјите од Западен Балкан и ќе ја зголемат мобилноста при вработувањето во регионот, посебно во специфичните сектори и дејности.

м-р Наташа Јаневска
Експерт во организационата целина за претставување на членките и вмрежување