ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ - УЧИЛИШТАТА И КОМПАНИИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА
➢ Актуелно (26.08.2022, во 15:04:32)
👁 Прочитано: 1012



Од гостувањето на м-р Наташа Јаневска на МРТВ
ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ - УЧИЛИШТАТА И КОМПАНИИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНАКликни за повеќе

Оваа година, Стопанската комора на Северна Македонија, го прослави 100-годишниот јубилеј од своето постоење и делување. И од почетоците на своето делување, Комората секогаш се занимавала со процесот на подготовка на кадар за стопанството. Низ годините таа стана мост за поврзување на образовните институции и бизнис заедницата и ги вмрежува компаниите и стручните училишта за реализација на практична обука на учениците на реално работно место во компанијата. Посветена е на унапредување на процесите, како во формалното, така и во неформалното образование, а воведувањето на дуалниот модел на образование беше фокусот на која напорно работеше, уште од 2007 година. Денес тоа стана реалност, а инвестицијата во дуалното образование е инвестиција во реалниот сектор и ефикасен начин за обезбедување  практични вештини и компетенции,  потребни на стопанството. Тоа е можност компаниите да се вклучат во креирањето на потребниот кадар во контекст на нивни раст и развој, но и економски развој на државата. Кампањата „Учи паметно, работи стручно“ што ја споведуваше Министерството за образование и наука и Стопанската комора, а со поддршка на проектот „Образование за вработување“, финансиран од Швајцарската амбасада, придонесе за синергија помеѓу образовните интитуции и компаниите за побарувачката и понудата на вештини и квалификации и зголемување на интересот за дуалниот модел на образование.

Целото интервју од гостувањето м-р Наташа Јаневска, експерт во организационата целина за претставување на членките и вмрежување во Стопанската комора на Северна Македонија и експерт за стручно образование и обука, можете да го погледнете на видеото во текстот. 

Служба за информирање при Комората