Еуроникел Индустри со приклучување кон иницијативата на Глобалниот договор на Обединетите Нации го потврди етичкото и одржливо работење
➢ Актуелно (10.08.2022, во 14:01:17)
👁 Прочитано: 747




Еуроникел Индустри со приклучување кон иницијативата на Глобалниот договор на Обединетите Нации го потврди етичкото и одржливо работење

Еуроникел Индустри – компанија премиум покровител во Стопанската комора на Северна Македонија, се приклучи на иницијативата на Глобалниот договор на Обединетите Нации со што и формално ја потврди примената на десетте принципи кои се однесуваат на заштитата на човековите права, на работните односи, животната средина и спречувањето корупција. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, што Еуроникел Индустри го прави во исклучителни економски услови, при што компаниите се соочуваат со бројни проблеми предизвикани прво од Ковид пандемијата, а сега и од војната во Украина и што доведе до сериозна деловна егзистенцијална криза, компанијата останува доследна во примената на принципите кои го дефинираат одржливиот развој.

„Приклучувањето на иницијативата на Глобалниот договор на Обединетите Нации е потврда за нивното  етичко и одржливо работење. Еуроникел Индустри посветено делува во согласност со Десетте принципи на Глобалниот договор на Обединетите Нации кои се темел и симбол на одржливиот развој.

“Применувањето на овие принципи е особено важно за нашето работење бидејќи на тој начин ја обезбедуваме егзистенцијата на сегашните генерации, без да ја компромитираме иднината на следните генерации“, истакна Герасим Кујунџиев, прв генерален директор.

Применувањето на одговорни деловни практики е главен приоритет на компанијата поради што уште од првиот ден од основањето работи во согласност со Десетте принципи на Глобалниот договор. Формалното приклучување кон оваа иницијатива е дополнителен доказ за посветеноста и доследно применување на овие принципи.
Одржливото работење е единствен начин Еуроникел Индустри  да просперира и напредува на пазарот кој постојано се менува. Почитувањето на човековите права и заштитата при работа, заштитата на животната средина, активното спречување на корупцијата и постојана поддршка на заедницата, со цел да се постигне подобар квалитет на животот на сите засегнати страни, се одговорност на која и се дава исклучително значење во Еуроникел Индустри. Сите активности, политики и процедури кои ги презема компанијата се засновани на овие начела, а приклучувањето на иницијативата на Глобалниот договор на Обединетите Нации го потврдува тоа“, вели Андреас Цагарис, втор генерален директор.

Доследно применувајќи ги принципите на Глобалниот договор на Обединетите Нации во своето секојдневно работење, Еуроникел Индустри истото го промовира и ги поттикнува своите соработници, со цел постигнување одржлив развој и во нормални, но и вонредни деловни услови.

Валентина Цветковска
Соработник во организационата целина за претставување на членките и вмрежување