КВАЛИТЕТНОТО ЗАСТАПУВАЊЕ ВОДИ КОН ЦЕЛТА
➢ Актуелно (01.07.2022, во 13:33:30)
👁 Прочитано: 653



Дали доволно лобираме и комуницираме за важни законски измени и процеси во областа на образованието?
КВАЛИТЕТНОТО ЗАСТАПУВАЊЕ ВОДИ КОН ЦЕЛТА

Застапувањето е важен процес кој влијае на донесувањето на одредени промени и реализација на одредени цели во рамките на економските, социјалните и политичките системи и институции, а комуникацијата е чин за квалитетно пренесување на пораките и информациите до соговорниците и засегнатите страни и охрабрување на соговорниците да влијаат на прифаќање на одлуките и промените.

За таа цел, во Охрид, беше реализирана тридневната интензивна обука на тема: “Застапување и комуникација“. На обуката учество зедоа претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, Министерството за образование и наука, Центарот за стручно образование и обука и Центарот за образование на возрасните кои се подготвуваа како да го применуваат процесот на застапување во спроведувањето на нивните промени, одлуки, цели и процеси и транспарентноста и видливоста на одлуките кои треба да се донесат.

Процеси:

ПРОБЛЕМ = РЕЗУЛТАТ

- Кон кого е насочено застапувањето (Интерес/ Влијание)?

- Кој се сојузници?

- Кој се противници?

- Како ќе се врши застапувањето?

- Стратегија/Алатки

- Бенефити од застапувањето

 

 

Обуката беше поддржана од страна на швајцарскиот проектот „Образование за вработување на Северна Македонија (Е4Е@мк)“ кој започнува со реализација на втората фаза (2022-2026) која повторно ќе биде насочено кон поддршка и унапредување на стручното образование и обука како и се поголемо вклучување на приватниот сектор во формалното и неформалното образование.

 

м-р Наташа Јаневска
Експерт во организационата целина за претставување на членките и вмрежување