МЛЕКАРА БИТОЛА СО ПОДДРШКА НА ФАРМЕРИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ РОБОТ ЗА ИЗМОЛЗУВАЊЕ НА КРАВИТЕ
➢ Од компаниите (07.04.2022, во 13:27:13)
👁 Прочитано: 586




МЛЕКАРА БИТОЛА СО ПОДДРШКА НА ФАРМЕРИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ РОБОТ ЗА ИЗМОЛЗУВАЊЕ НА КРАВИТЕ

Битолската компанија „БиМилк“, една од најстарите и најреномирани членки на Стопанската комора на Северна Македонија која годинава одбележува 70 години постоење, најави поддршка за фармерите за користење најсовремена опрема во производството на млеко, односно користење најсовремен робот за измолзување. Вложувањето во нова современа опрема е континуирано и со цел да се овозможи унапредување на процесот на млекопроизводството.

Компанијата е препознаена како доверлив партнер не само на фармерите туку и од програмата на УСАИД, со која неколку години по ред млекарата гради добра соработка и заедничка поддршка на семејни фирми со развоен потенцијал. Како резултат на ова, наскоро, дел од домашните фармери ќе бидат меѓу првите кои во земјава кои ќе почнат со користење на најсовремен робот за измолзување што претставува значајна инвестиција.

Менаџментот на Би Милк размислува и во насока на зголемување на млечната база и продуктивноста во државата како поддршка за фармерите, пред се за ублажување на индиректните негативни ефекти од кризата во Европа, посебно од нарушувањето на системот за снабдување со житарици потребни за сточна храна, растот на цените и други проблеми.

Млекарата направи корекција на откупната цена на млекото, даде неповратни средства за пролетната сеидба како дополнителна помош за сточарите со кои е и во постојана комуникација затоа што клучна работа во овој момент е да се најде тој т.н. деликатен баланс со кој се овозможува опстанок на примарните производители и нивни развој, заштита на стандардот на потрошувачите и обезбедување на долгорочна одржливост и стабилност на преработувачите, односно сите чинители во млечната индустрија. Битолската компанија БиМилк ги поддржа своите кооперанти со финансиски гаранции, кредитирање при набавката или обезбедување на резерви од сточна храна за набавка на нови грла јуници, односно за постигнување на максимален ефект од увозот на јуници кој го стимулира државата со потпишување договори за субвенционирање при набавка, увоз на јуници.

Васко Ристовски
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување