По повеќе од 10 години постоење, маркетинг агенцијата Еден на Еден прави нов, значаен исчекор напред
➢ Од компаниите (25.03.2022, во 10:41:50)
👁 Прочитано: 1429




По повеќе од 10 години постоење, маркетинг агенцијата Еден на Еден прави нов, значаен исчекор напред

Маркетинг агенцијата Еден на Еден се траснформира во БД група или скратено БДГ, со цел додатно да се подобри квалитетот на услугата и нејзината испорака до клиентите, што доаѓа како резултат на континуирано ширења на тимот и реструктуирањето кое го организираа на крајот од 2021 година и стартот на 2022 година. На тој начин маркетинг агенцијата добива понова, робусна структура која треба да ја овозможи следната еволуција во растот.

Брендот Еден на Еден останува да живее како нивен flagship ТВ производ, а компанијата продолжува со нов вебсајт – www.bdg-agency.com и нова екстензија на меиловите.

Воедно, менаџментот се засилува со нов член на позицијата неизвршен директор. Се придружува големо име, поранешниот маркетинг директор на светски познатите ESET и Kaspersky Lab, г-динот Џулијан Робертс.

Од компанијата велат „Уверени сме дека стратегијата на која работевме ќе послужи како одлична основа за градење на уште посилна компанија која ќе продолжи да расте заедно со партнерите.”

 
Служба за информирање при Комората