И покрај намалениот обем на работа од планираното за 2021 година поради глобалните економски движења, странските инвеститори го задржаа бројот на вработени и покажаа голема општествена корпоративна одговорност
➢ Актуелно (29.12.2021, во 14:33:17)
👁 Прочитано: 1011




И покрај намалениот обем на работа од планираното за 2021 година поради глобалните економски движења, странските инвеститори го задржаа бројот на вработени и покажаа голема општествена корпоративна одговорност

Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство при Советот на странски инвеститори во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија ја презентираше анкетата за странските директни инвестиции во земјава со посебен осврт на актуелните состојби, остварените резултати и очекувањата за идната година.

Анкетата ја презентираа Виктор Мизо, претседател и Боријан Борозанов, потпретседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство.

Анкетата која е спроведена во првата половина на месец ноемвери годинава вклучува одговори на 72% од анкетираните производствени компании кои се лоцирани во и вон ТИРЗ-овите  во сите плански региони од државата. Претежно тоа се компании од автомобилската индустрија коишто минатата година заедно имале 20.700 вкупен број на вработени.

75% од испитаните странски инвеститори во земјава повторно би инвестирале во земјава, а како најголем ризик за развојот на нивните компании гледаат во недостигот на стручна работна сила, правната неизвесност и предвидливоста на економската политика, неефикасноста на јавната администрaција, недоволна администативна грижа и поддршка на оперативно ниво, како и неисполнување на дадените ветувања и договорните обврски од страна на државата. Главни конкурентски локации на РС Mакедонија се Србија, Бугарија и Мароко.

Во однос на остварените резултати во тековната година, над половина од испитаниците или 54% забележале пад на обемот на планиранито производство и извозот помеѓу 10-35%, како резулатат на намалените нарачки од странство, недостатокот на суровини и репроматеријали и пречките во нормалното одвивање на транспотот. И покрај ваквиот пад на обемот на производство бројот на вработени останал релативно стабилен со пад од само 1,7%. Ова ја покажува општествената одготоврност и грижата за своите вработени кои дури и во услови на пролонгирана и намалена економска активност компаниите ги задржале на работа своите вработени и користат начини за дообука и доусовршувањ за нивна подобра продуктивност и ефикаснот во посткризниот период. На пазарот на трудот, компаниите најтешко доаѓаат до инжинерски и технички кадар, а најлесно до административен кадар. Како причина  за недостатокот на работна сила се посочуваат: одливот на кадарот во странство, недоволното практично искуство и знаење и несоодветното стручно образование на потенцијалната работната сила на пазарот на труд и ниската мобилноста на работна сила за прифаќање на работа надвор од главниот град.

На прашањето за финанската поддршка и државната помош која ја добиваат, вкупно 93% од анкетираните компании сметаат дека се потребни нови финансиски мерки за ублажување на последиците од пандемијата, пред се наменети за одржување на бројот на вработените, субвенционирње на трошоците за електрична енергија, како и за намалување на увозните царински давачки за компоненти наменети за технолошко наппредно производство-процес кој што е започнат и се очекува негова имплементација со законско решение во почетокот на 2022 година.

Умерени се и одговорите за очекувањата на компаниите за 2022 година. 39% од испитаните компании очекуваат приближно исти приходи, раст на приходите од 10-30% очекуваат 40% од анкетираните компании, а намалување од 10-30% прогнозираат 21% анкетирани компании.

Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство при Советот на странски инвеститори во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија се заблагодарува за досегашната соработка со државните надлежни институции и за следниот период укажува на потребата од уште поефикасна инстуитуционална поддршка. Вакви анкети Асоцијацијата планира да прави секоја година.

Прилог-Анкета на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство при ФИЦ, декември 2021 година.pdf

Служба за информирање при Комората