УРГЕНТИ СОСТОЈБИ БАРААТ УРГЕНТИ МЕРКИ
➢ Актуелно (29.11.2021, во 15:56:59)
👁 Прочитано: 967



Извршниот директор, м-р Антони Пешев, на отворена средба со медиуми за eнергетиката и процесот на задолжително тестирање како приоритетни теми за решавање во интерес на бизнис секторот
УРГЕНТИ СОСТОЈБИ БАРААТ УРГЕНТИ МЕРКИ

Енергетиката и процесот на задолжително тестирање во насока на заштита на вработените во компаниите од вирусот Ковид 19 се темите, кои во моментов се едни од клучните и интервенти за решавање, со цел непречено функционирање на компаниите, информира Извршниот директор, м-р Антони Пешев, на отворена средба со медиумите.

За енергетиката, Пешев даде ретроспектива на досега преземените чекори и дејствија од страна на Стопанската комора на Северна Македонија, од почетокот на месец октомври годинава до сега, со цел поддршка на македонските компании и обезбедување на потребните количини енергенси по најдобри можни цени во услови кога вредноста на струјата на светските берзи се продава, и до пет пати поскапо, од онаа која се набавуваше пред само неколку месеци.

Доколку интервентно не се преземат соодветни мерки, можно е дел од компаниите едноставно да стават клуч на врата што ќе се одрази на вкупната економија.
Од почетокот на октомври 2021 година, по реакција на македонските компании дека имаат проблем со најави за зголемување на цената на електричната енергија на слободниот пазар од лиценцираните снабдувачи, реализираниот состанок на 8.10.2021 година со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, директорот на државното ЕСМ, претставници на Владата, кабинетот на премиерот во присуство на компании на состанок организиран во хибридна форма, следуваа и серија други состаноци на оваа тема на различни нивоа во изминатиот период во кој се разговараше за повеќе опции. За набавка на јаглен за потребите на „РЕК“ Битола и „ТЕЦ Осломеј“, што како процес се движи многу споро, можност за поддршка на дел од компаниите во набавка на мазут за потребите на „ТЕЦ“ Неготино што како процеси исто така бара одредено време кое компаниите го немаат, како и формирање гарантен фонд во државата, но проблем е што во меѓувреме додека истиот би профункционирал компаниите се упатени споровите со лиценцираните снабдувачи да ги решаваат во судски постапки што исто така не оди во прилог на времето.
На пазарот сега се соочуваме со состојба во која има големи компании кои можат да набават струја по 90 евра за мегават час, но не можат тоа да го направат зашто немаат дозволи за увоз. Има фирми кои преку матичните компании од други земји може да добијат струја, но нема механизам за пренос во нашата електро мрежа, а има и помали компании кои немаат начин како да увезат електрична енергија иако имаат пари и можат да ја платат, рече Пешев.

За таа цел, а во насока на поддршка на членките, Стопанската комора е во фаза на организационо преструктуирање, со цел инфраструктурата да се стави во функција на членките во многу брз период и да им помогне на компаниите-членки  да имаат сигурност при набавката на електрична енергија во услови на криза и да придонесе за отстранување на високите маржи.

Нашите членки заслужуваат да имаат Комора која за функционалноста на своите членки е подготвена да направи се. Се мобилизира целиот наш капацитет на Комората за да им излеземе во пресрет на фирите и да помогнеме да се надмине оваа сериозна енергетска криза која може да има сериозни негативни последици по целокупната економија.

За проблемот со имунизацијата, ставот на Стопанската комора, вели извршниот директор е јасен мора да се креира амбиент во кој компаниите би ги намалиле застоите на функционирање заради заразување на вработените со вирусот Ковид-19, која доминантно се јавува кај невакцинираните лица. Нашите компании не можат да издржат уште еден локдаун.

Членките на Комората дури и би се сложиле со иницијативата на синдикатот да се даде плус еден слободен ден по денот на вакцинирањето заради тоа што некои лица имаат одредени симптоми и ден по вакцинирањето, но чинот на плаќање на тестирањето не се дозволува да биде на товар на компаниите. За деловната заедница не постои разлика меѓу имунизираните и прележаните лица и тие треба да имаат ист третман. Вирусот најмалку уште една година ќе циркулира затоа државата мора да изнајде механизми да се прави тестирање и да обезбеди тестови по исклучително ниски цени за да може компаниите да ги спроведуваат по неколку пати во месецот. Ако вакцинирањето државата го дефинира како незадолжително товарот на тестирање треба да падне на нејзина сметка.

Служба за информирање при Комората