ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА 6-МЕСЕЧНАТА ПРОГРАМА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ЛИДЕРСТВО
➢ ПРОГРАМИ И ОБУКИ (09.11.2021, во 15:36:55)
👁 Прочитано: 3324




ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА 6-МЕСЕЧНАТА ПРОГРАМА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ЛИДЕРСТВО

Почитувани,

Заради ефикасно остварување на специфичните интереси на приватниот сектор во насока на унапредување на компетенциите и вештините на високообразовните кадри во согласност со потребите на бизнисот, во Стопанската комора на Северна Македонија од неодамна функционира Совет за унапредување на високото образование. Овој Совет има три приоритетни цели кои се состојат во развивање и унапредување на три програми:

  • Клуб на менаџери-претприемништво и лидерство - со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школа на бизнис-лидери (почеток 9 декември 2021 година),
  • Развој на мали и средни бизниси и старт ап бизниси - со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Модул за развој на мали и средни бизниси како и Модул за развој на старт ап бизниси (почеток на Модулот за мали и средни бизниси на 9 декември 2021 година) и
  • Институт за извоз - со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школа за продуцирање кадри за зголемување на извозот, со крајна цел формирање Институт за извоз (активностите за Изработка на студија за извоз и Платформа за извоз почнуваат во јануари 2022 година додека со Модулот за зголемување на вештините за извоз се започнува од 1 ноември 2022 година).

Со големо задоволство Ве покануваме да бидете слушатели на Првата 6 месечна Програма во рамките на Клубот на менаџери-претприемништво и лидери која започнува на 9 декември 2021 година а која е планирано да заврши на крајот на месец мај 2022 година.

Целна група на Програмата: претставници на среден менаџмент од големи и средно-големи компании.

Предавачи: 50-тина реномирани претставници од бизнис секторот, академската и научна фела со акцент на пренесување на практични ускуства. Предвањата се замислени така да сите модули имаат на почетокот краток теоретски вовед на секоја поттема, потоа следат предавања со практични примери, искуства и менторски пристап од страна на предавачите. Секој модул има свој ментор и на предавањата ќе има голем дел интерактивност и вежби по најнови европски и светски пристапи.

Секој Модул трае по 9 часа од кои последните 2 часа се наменети за дискусија и прашања.

Во прилог следи Програмата на Клубот на менаџери-претприемништво и лидери разработена по модули, теми и предавачи.

Ве молиме најдоцна до 01.12.2021 година да ја пополните Пријавата за учество во обуката.

Прилог: Пријава

* Програмите се ограничени со број на слушатели и организаторот го задржува правото за измена на бројот и распоредот на Програмите

д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска
потпретседател на Стопанска комора на Северна Македонија и проектен менаџер за развој на советите