НЕОПХОДНИ ИНТЕРВЕНЦИИ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА УДАРОТ ОД РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ НА СУРОВИНИТЕ ВО ПРЕХРАНБЕНИОТ СЕКТОР
➢ Актуелно (04.10.2021, во 12:00:05)
👁 Прочитано: 715




НЕОПХОДНИ ИНТЕРВЕНЦИИ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА УДАРОТ ОД РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ НА СУРОВИНИТЕ ВО ПРЕХРАНБЕНИОТ СЕКТОР

 

Со цел прибирање релевантни информации и согледување на состојбите во секторот, а во светло на секојдневните поскапувања на репроматеријалите, енергенсите и останатите суровини, Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија неодамна одржа работна средба. Крајна цел на состанокот беше да се добијат сознанија за тоа колку се зголемени трошоците и да се разгледаат можни предлози до Владата на РС Македонија со цел поддршка на овој сектор, а индиректно со тоа и заштита на животниот стандард на потрошувачите.

Општ впечаток е дека агросекторот изминатите децении е во втор план. Субвенциите растат но потребно е да се измени методологијата за нивно давање. Наместо по површина, истите треба да се даваат по класи односно квалитет и предадено на домашни откупувачи. Во спротивно, многу лесно ќе дојдеме наскоро во ситуација кога ќе немаме домашно производство и целосно ќе зависиме од увоз на храна-беше истакнато на денешната прес конференција во Стопанската комора на Северна Македонија

Во текот на здравствено-економската криза COVID-19, работата на земјоделско-прехранбениот сектор беше само забавена поради новите правила за ограничување на движење како одговор на пандемијата. Најголемите предизвици со кој се соочуваше земјоделско-прехранбениот сектор се однесуваа на организација и логистика на увозот и извозот на своите производи, како и организација на тековните земјоделски и производствени процеси кај претпријатијата поради ограниченото работно време и движење. Високи 50.98% од претпријатија се соочија со откажување /одложување на склучени нарачки, што покажува на големо влијание на COVID-19 кризата врз претпријатија. Загубите на земјоделско-прехранбениот сектор во 2020 година беа проценети на околу 22-40%, и за таа сметка секторот во 2020 година очекуваше намалена профитабилност за 41-60%

Клучните прехранбени производи, како што се житарките и маслодајните семиња, драстично поскапеа, така што нивните цени во РС Македонија во моментов се повисоки за 20 до 100 проценти отколку пред една година. Со оглед на тоа што житариците и маслата се составен дел на многу прехранбени производи, се стравува дека скокот на нивните цени ќе предизвика бројни зголемувања на цените на храната во продавниците, што би го загрозило животниот стандард на граѓаните.

На пример, п ченица та во жетва 2020 година чинеше 10,00 денари / кг а во истиот период 2021 - во жетва чини 12,00 денари / кг , односно бележи зголемување од 20%. Јачменот минатата година се купување за 8,5 денари / кг додека годинава цената е зголемена 23,5 % и се купува за 10,5 денари кг . И кај пченката има забележливо зголемување на цената, истата минатата година се купуваше за 9,00 денари / кг додека оваа година производителите ја купуваат за 13,00 денари кг . Сојата во 2020 година се купуваше за 340-380 ЕУР/Т, истата почетокот на годината скокна до 500 ЕУР/Т

Како држава сме зависни од увоз според потребите и тоа од 120.000 тони пченица поради квантитавиен и квалитативен кусок, како и пченка од 70.000 тони. Во исто време цената на п ревозот с е зголеми за 20%, додека електричната енергија за п равните лица кои купуваат на слободен пазар за 100%.

Меѓутоа, треба да се каже дека другите прехранбени производи не станаа значително поскапи, бидејќи честопати се потребни неколку месеци за малопродажбата на мало да заврши и да стави нови, поскапи пратки на храна добиени од производителите на полиците на продавниците. Сточарскиот сектор, беше првиот што беше погоден од зголемувањето на цената, порачувајќи и на јавноста и на властите дека нема да можат да преживеат доколку цените на добиточната храна продолжат да дивеат.

Брашното на пример, поскапе за 20 проценти за 12 месеци. Во исто време, цената на увезеното брашно од соседството, од 212 ЕУР/Т во 2020 година, се зголеми на 280 ЕУР/Т оваа година, или за 68ЕУР/Т .

Истовремено, многу производители на млеко со ужас забележуваат дека цената на килограм добиточна храна се приближува до цената на литар млеко, што - да биде уште полошо - се намалува во последните месеци, создавајќи се поголеми загуби за нив.

Од една страна, растот на цените на овие производи е под влијание на зголемената побарувачка од некои земји, особено од Кина. Од друга страна, имаше прекини и во снабдувањето. Поради суша и други природни катастрофи, приносите се намалени во земјите кои се голем извозник на храна, како што се Бразил, Аргентина, САД, Украина и Русија. Додека домашните малопродажни синџири кај нас се уште молчат и тивко покачуваат некои цени, супермаркетите во САД и Велика Британија отворено објавуваат дека цените на храната ќе растат наесен.

Иако во 2006 година беа вратени субвенциите, кои од 20 мил. евра во 2007 година, достигнаа преку 160 милиони евра за 2021 година, а кај значаен број суровини за прехранбената индустрија се намали или се укина царинската стапка, производните резултати во земјоделксиот сектор не забележаа подинамичен пораст.

Млекарството и месната индустрија, мелничарството и винарството се клучните под сектори во агро индустријата со потенцијал за развој, за што бизнис секторот има конципирано предлог мерки. Но изминатата година кулминираа проблемите во сите четири сектори, што покажа дека е потребно интервентно решавање на одредени суштински проблеми за да се зачува сточниот фонд, лебното жито и лозарството како стратешка суровинска база за дури потоа да може да се размислува за стимулативни мерки кои ќе носат до раст.

 

-МЛЕЧНАТА И МЕСНАТА ИНДУСТРИЈА ДИРЕКТНО ЗАВИСНИ ОД КВАЛИТЕТЕН СТОЧЕН ФОНД

 

Производството на млеко во државата се карактеризира со голем број мали фарми – традиционални фармери (75% од вкупниот број) кои имаат нископродуктивни 1 – 3 крави со ниско годишно производство на млеко од 2-3 илјади литри по крава. Многу е мал бројот на големи специјализирани фарми со повеќе од 20 крави (околу 3% од вкупниот број) со висока продуктивност и годишно производство на млеко околу 5 илјади литри по крава. Само 1% од фармите имаат повеќе од 50 грла и треба да бидат носители на производството на квалитетен генетски материјал за преостанатите фарми (репродуктивни центри).

Следејќи ја анализата за факторите кои доведуваат до вакви состојби, се наметнува потребата од интервенции во примарното производство со воведување на стандарди со кои се детерминираат основните услови на одгледување на добитокот, генерални правила за хигиена во примарното производство, како и ревидирање на започнување со спроведување на системот за плаќање на суровото млеко врз основа на квалитетот, донесен во февруари 2002 година.

Две работи се приоритетни да се направат:

Ø Воспоставување рамнотежа помеѓу откупната цена на млекото и квалитетот на истото. Домашните млекарници поради несоодветен хемиски состав не можат да конкурираат на увезеното млеко и млечни производи не само од земјите на ЕУ, туку и од регионот на Западен Балкан.

Ø Субвенциониран трансфер на молзна стока од мали кон поголеми фарми ќе дојде до пренасочување на сите молзни крави во поголемите фарми, зголемена ефикасност и профитабилноста подобрување на квалитетот на млекото и намалување на огромните логистички и пред се транспортни трошоци на млекарниците.

Месната индустрија во земјата ја сочинуваат околу триесеттина современи производствени капацитети за преработка на месо и производство на сувомесни производи, кои во потполност можат да ја задоволат побарувачката на домашниот пазар. Еден од основните проблеми со кои се соочува месната индустрија е недостатокот на суровини за преработка. Производството на свинско месо е недоволно за да ги задоволи потребите на пазарот за свежо месо, поради што домашните производители се принудени да увезуваат свежо и замрзнато свинско месо за преработмесо како суровина при што се изложени на високи царински давачки. Од друга страна, постои бесцарински увоз на готов производ од страна на земји со кои се склучени билатерални договори како што се Србија и Црна Гора, Хрватска и БиХ, од кои во земјава влегува 1.900 тони готов производ секоја година без царина. Со тоа, домашните производители се ставени во нерамноправна положба, па наместо македонските производители да станат извозници, се борат за задржување на домашниот пазар.

Одлуката на Владата за безцарински увоз на свинско замрзнато месо како инпут за домашната месопреработувачка индустрија ги даде првите позитивни резултати веднаш со воведувањето. Имено, иако реалните економски ефекти на одлуката донесена во јуни, 2018, започна во четвртиот квартал на 2018, позитивните резултати се повеќе од задоволителни. Со вакво темпо се очекува месната индустрија повторно да стане нето извозник и да остварува забележителен девизен прилив. Исто така, економските ефекти од воведената автономна мерка од страна на Владата претставува дополнително оправдување за барањето на домашните преработувачи на месо и преработки од месо истата да се преточи во постојано законско решение за потребите на месната индустрија.

-МЕЛНИЧКАТА ИНДУСТРИЈА И ВИНАРСТВОТО ДИРЕКТНО ВЛИЈААТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО

Винската индустрија преставува важна стратешка индустриска гранка во земјата и заедно со лозарството придонесува со 17%-20% од Бруто домашниот производ во агросекторот. Индустријата вкупно откупува од 250 до 300 илјади тони грозје годишно во зависност од бербата и произведува од 95 до 120 милини литри вино годишно, со што индустријата директно влијае и на развојот на земјоделското производтсво Со годишен извоз од 50 милиони евра значајно придонесува во остварувањето на егзистенцијата на околу 30.000 инивидуални зејоделски стопанства, 12.000 сезонски работници и повеќе од 2.500 редовно вработени лица во 72 регистрирани винарски визби.

Во последните двасет години македонското винопроизводство се трансформираше од сектор со недостаток на инвестиции во лозови насади, застарена опрема за правење на вино, стареење на лозовите насади во модерен, извозно ориентиран сектор, со приватизирани државни лозови насади, нови интернационални квалитетни сорти на грозје, софистицирана опрема и зголемен извоз. Новите сопственици на поранешните државни винарски визби инвестираат во надградба на опремата, реконструкција на винарски визби и развој и едукација на човечки ресурси.

За подобрување на состојбите во секторот и зголемување на пласманот, потребна е итна интервенција во следните делови:

Ø ревизија на начинот на субвениционирање на лозарството и да се воведе начин на субевнционирање кое ќе води кон подобрување на квалитетот на грозјето а со тоа и на виното,

Ø окрупнување на индивидуланото производтсво на грозје и поттикнување на создавање кооперативи

Ø воведување страндарди на национално ниво за лозарство и винарство

Ø итни измени во Законот за виното во насока на донесување на регулатива за овозможување на регистрација на географски ознаки за вино според Европската регулатива

Ø определување стратешки буџети за интернационална промоција на флаширано вино со која ќе се овозможи поширок опсег на финансирање

Ø користење модерните техники и приспособување на производството кон пазарот и кон барањата на винарниците од страна на домашните лозари

Житата се основна храна на најголем дел од свестската популација. Најважни се, односно најголем дел за исхрана на населението на светско ниво се оризот и пченицата. Во Македонија се произведуваат шест вида жита но од најголемо значење се пченицата и оризот како човечка храна, додека останатите се користат главно како добиточна храна. Ваквиот систем на поделба се помалку се користи во праксата, бидејќи денес како специјално лебно брашно се користат оние како додатоци или во целост од брашното од рж, јачмен и пченка.

Нашата земја е нето увозник на жито, односно не ги задоволува домашните потреби ниту со “лебно” жито ниту со други видови користени за добиточна храна. Оттука, особено важно за нас е да се искористат до максимум условите за зголемување на производството особено на пченицата, која има најголемо учество во вкупната продукција на жита, а за која даваме високи средства за увоз. Нејзиното производство е релативно нестабилно изминатите години и е резултат на нестандардна, стара технологија, а бидејќи приносите се под 4 тона по ха е показател за лошите сорти кои се користат за семенски материјали.

Зголемување на продукцијата на жита може да се оствари ако се активира погодниот за жита дел на необработени ораници, како и да се воведуваат нови технологии и сорти за повисок принос. Истовремено, потребно е државата треба да направи повеќегодишна стратегија за развој на овој сектор која ќе се базира на воведување нови, квалитетни сорти, зголемување на приносите по хектар, субвенционирање според класи произведена и предадена пченица на домашните мелничари за да можат истите да бидат конкурентни, со што индиректно ќе се заштитат и домашните земјоделци.

Во делот на стратегијата потребно е да влезат и следните мерки:

Ø Да изнајде начин за дополнително субвенционирање на домашните земјоделци или производителите на пченица по предаден килограм пченица кај лиценциран откупувач по класи на квалитет. Со тоа нашата пченица би имала конкурента цена во опкружувањето, а исто така и мелниците конкурентно брашно

Ø Целосно спроведување на котрола на пуштање во промет на брашното од увоз

Ø Придржување кон постоечкиот Правилник за квалитет на брашното при увоз, односно да не се пушта увозно брашно во промет се додека АХВ не даде дозвола по добивање на Анализите за квалитет од Акредитирана Лабораторија.

Во 2020 година извозот на земјоделско прехранбени производи бележи раст од 15% - извезовме производи во вредност од 620 милиони САД& наспроти 540 милиони САД во 2016 година. Увозот во 2020 година од 830 милиони САД$ е зголемен за 20% во однос на 2016 година.

Дефицитот во надворешно-трговската размена кај агроинустрискиот сектор главно произлегува од трговскиот дефицит кај производите за храна, а се ублажува со суфицитот кај пијалаците и тутунот.

Домашните компании од преработувачката индустрија се соочуваат со зголемување на цените на суровините. На фармерите основните производни трошоци им се зголемени за 70-80%, поскапени се и фолиите, енергенсите.

Од 10-11% се зголемени директните трошоци во млечната индустрија, а од друга страна и фармерите притискаат. Слична е ситуацијата и во месната индустрија. Сите се залагаат за плаќање по квалитет, но засега ваквата трансформација оди споро. Се наметнува потреба од интервенција на државата во делот на субвенции, но да има краен ефект, сметаат компаниите. Наместо на производителите, истите да се даваат на преработувачите, но тоа да биде контролирано. Суровините на мелничарите драстично поскапеа, се најавува веќе некое време поскапување на лебот. Во изминатите неколку години беа остварени повеќе средби и доставени низа барања до надлежните институции, беа понудени од страна на индустријата одредени решенија, но без резултати. Целата прехранбена индустрија бара од владата да и се помогне за да може да функционира, а и потрошувачите да бидат заштитени. Во Албанија владата ги субвенционираше извозниците на земјоделски производи и денес домашниот пазар е преплавен со земјдоелски производи од соседството.

Големите ланци на маркети сеуште се комотни, но на крајот ќе мора да реагираат, сметаат преработувачите. Државата нема слух на укажувањата од секторот. Во соседството (Србија) како резултат на лошиот род и намалени приноси, државата забрани извоз на голем дел од суровините.

Цената на енергенсите е исто така голем проблем за преработувачката индустрија. Компаниите имаат стари договори, но сега, со новите истата е зголемена за 3 пати. Прашање е како ова да се надомести освен преку крајниот потрошувач што неминовно ќе доведе до инфлација-информираше Претседателот на Групацијата за производство на месо и преработки од месо на прес конференцијата Гоце Трајчев. Проблематично е посебно однесувањето на некои добавувачи на електрична енергија во последните денови кои ги раскинуваат договорите со бизнис секторот. Проблем е и работната сила, компаниите се соочуваат со недостаток од квалификувани работници.

Во Србија и Унгарија состојбата оваа година е лоша. Во Војводина жетвата доцни, суровината е лоша, а тука се и кинеските компании кои вршат откуп, па како резултат на сето ова се очекуваат високи цени кај житарките. Се наметнува потреба од субвенционирање на транспортот како еден вид државна помош (кој сега изнесува од 23-28 ЕУР/Т) и тоа пред се кај увозниците на зрнести култури.

Крајно време е за вертикална интеграција. Компаниите заедно со трговците ќе мора да креираат заедничка ценовна политика. Проблем не е само цената и понудата на домашен пазар, туку и квалитетот. Потребно е да се разговара со примарните проиозводители, трговците и транспортерите. Поради одливот на возачи од државата, проблем со кој се соочуваат сите компании, ќе мора да се ангажираат логистички компании, што е веќе подолго време пракса во светот.

Ако суровините поскапеа изминатата година и до 40%, се очекува поскапувањето на крајните производи да биде од 40-50%, а тука секако треба да се додаде и новата цена на енергенсите-беше истакнато на крајот на прес конференцијата

Васко Ристовски
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување