ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРОГРАМИТЕ ВО РАМКИТЕ НА НОВОФОРМИРАНИОТ СОВЕТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ
➢ Актуелно (29.09.2021, во 12:21:14)
👁 Прочитано: 708



Комората дава придонес за развој на најбитниот фактор за раст и успешна работа на компаниите-човечкиот фактор, иновациите и новите технологии
ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРОГРАМИТЕ ВО РАМКИТЕ НА НОВОФОРМИРАНИОТ СОВЕТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

На 17.09.2021 година во Стопанската комор на Северна Македонија се конституираше Советот за унапредување на високото образование. На денешната прес конференција детално беше претставена програмската содржина на овој Совет кој ќе работи на активности поврзани со организирање и поттикнување соодветни облици за континуирано функционално образование и иновација на знаењата на раководните кадри, како и на другите стручни кадри и професионална надградба на стекнатите знаења преку организирање стручно оспособување.

По повод 100 годишниот јубилеј на Стопанската комора на Северна Македонија денес го имаме задоволството да ја презентираме Програмата за унапредување на високото образование.

Таа се потпира на три столба:
1. Школа на бизнис лидери
2. Менторски пристап за развој на мали, средни и старт-ап бизниси
3. Институт за извоз
Оваа структура на модел на образование ги отсликува клучните фактори преку кои треба да се динамизира македонската економија:
- извозот,
- агилно менаџирање,
- пропулзивни мали, средни и старт-ап бизниси кои ќе бидат вклучени во извозната верига на големите компании

Преку споделување на искуствата на домашните и странските претприемачи ќе се оспособува кадарот во македонските компании за предизвиците што ги носи глобалната конкуреција и новите технологии.

Ова е практична програма која вклучува и менторство, која во фокусот ќе ги има развојот на менаџерските вештини и корпоративните вредности на компаниите. Со тоа Комората ќе даде придонес за развој на најбитниот фактор за раст и успешна работа на компаниите, а тоа е човечкиот фактор, иновациите, и новите технологии.

проф. д-р. Глигор Бишев, претседател на Советот за унапредување на високото образование

 

Советот преку соработката со домашните и странски институции, освен развој и промоција на едукативните настани во трите Програми одделно има за цел да ја поттикнува имплементацијата на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на високобразовните кадри, со главна цел, преку воспоставување на Школата за продуцирање кадри да ја заокружи својата активност со формирање на Институтот за извоз.

Денес во Комората, со оваа прес конференција и вчерашното конституирање на Совет от за унапредување на индустриското производство и извозот, завршува еден процес на суштинска трансформација на Комората наречен „Комора на иднината“ во пресрет на 100 годишнината од нејзиното постоење. Со конституирањето на Советот за унапредување на индустриското производство и извоз от ; Советот за унапредување на високото образование; Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките и Советот за напредни технологии се анимираа неколку 100-тини нови бизнисмени и научни работници кои што треба да го спроведат до крај новиот концепт. Сите тие личности со интегритет ја прифатија нашата понуда да ни се придружат и на тој начин да ни помогнат и себеси, и на Комората, и на Државата во градење на иднината.

Крајниот резултат треба да биде сосема нов концепт на високото и средното образование кое ќе формира кадри, навистина потребни на бизнисот, кои ќе ги отворат процесите на дигитализација, роботизација, индустриски дизајн, телекомуникации како и формирање на берза на трудот, доследно имплементирање на системот на дуално образование и подигнување на капацитетите на арбитражата, медијацијата и судот на честа. Реализирање на зацртаните заложби и афирмација на новите вредности имаат една цел-да се креираат нови услуги за потребите на компаниите и целосно свртување кон нив.

Со овој концепт на функционирање на Советот за унапредување на високото образование му помагаме на стопанството и овој модел не е замена за високото формално образование, туку со него ќе се настојувапреку практична наставада се создаваат лидери, да се зголемат вештините за водење на бизнис и за прв пат, ваквиот концепт ги вклучува старт ап-ите кои ќе се поддржуваат не само преку учење на вештини туку и преку финансирање на добри идеи кои ќе бидат поврзани со форуми на инвеститори (преку финансирање од домашни и меѓународни институции). Оттука со реализација на сите програмски содржини веруваме дека овој Совет ќе придонесе во зголемување на конкурентноста, ефикасноста, вработувањето и обезбедување поголем економски раст во Ребублика Северна Македонија.

Прилог-Програмски активности по модули:

1. Клуб на менаџери-претприемништво и лидерство:

Ø Како станав лидер-мотивациони говори на успешни лидери,
Ø Корпоративни вредности,
Ø Лидерство,
Ø Техники на преговарање,
Ø Комуникација, промоција и маркетинг.

2. Развој на мали и средни бизниси и старт ап бизниси:

Развој на мали и средни бизниси:

Ø Корпоративни финансии и начини на финансирање на растот и развојот,
Ø Рециклирачка економија, нови технологии, регионални и светски трендови
Ø Градење на тимска работа и мотивирање,
Ø Финансирање на ефикасноста на компанијата-презентација на кредитните линии и грантовите за зголемување на ефикасноста и извозната конкурентност на компанијата,
Ø Зголемување на ефикасноста на компанијата-индивидуален менторски пристап,
Ø Дизајн, промоција и маркетинг,
Ø Твининг програма-соработка и менторство.

Развој на старт ап бизниси:

Ø Старт ап идеја и истражување на пазарот,
Ø Конкурентски предности, слабости и закани,
Ø Начин на производство, технологија и продажба,
Ø Дизајн, промоција и маркетинг на производите,
Ø Начини на финансирање на старт ап-от,
Ø Изработка на бизнис план и менторство,
Ø Одбрана на бизнис планот,
Ø Презентациона конференција пред инвеститори, банки и останати финсиски организации,
Ø За избраните старт ап-и се продолжува со менторство во наредните 10-12 месеци.

3. Институт за извоз:

Ø Фаза 1-Се изработува Платформа на која се пренесуваат потребите на светските компании за производи и услуги, интересни за компаниите во РС Македонија. Исто така платформски се промовираат производите и услугите на македонските компании што се согласно светските глобални трендови. Платформата се вмрежува со светските платформи и вериги. Изработка-12 месеци.

Ø Фаза 2-Анализа на царинската и даночната политика, извозните субвенции, извозната конкурентност во соседните земји, Југоисточна Европа, ЕУ и Блиски Исток-паралелно со фаза 1-Рок 15 месеци.

Ø Фаза 3-Отпочнување со модул за зголемување на вештините за извоз:

· Светски глобални движења:економски движења, финансиски движења, технологии и иновации,
· Дизајн, промоција и маркетинг,
· Комерцијално право и договори,
· Транспорт, шпедиција и царинење.

Оваа фаза започнува да се имплементира од 1 Ноември 2022 година со избор на прва група на слушатели од 15 лица

Фаза 4: Ризици во меѓународното работење,Меѓународни плаќања, Финансирање на извозот.

Оваа фаза отпочнува со имплементација од 1 Ноември 2023 година

Фаза 4 - Надополнување на програмата: Царинска политика во ЕУ и соседството, Даночна политика во ЕУ и соседството, Меѓународна арбитража.

Оваа фаза отпочнува со имплементација од 1 Ноември 2024 година кога би се основал и Институтот за Извоз.

За таа цел развивме три Програми со посебни модули кои треба да ги реализираат зацртаните цели на Советот согласно потребите на македонското стопанство за сите прашања поврзани со надградбата на знаења на високообразовните кадри: 

  1. Клуб на менаџери – претприемништво и лидерство – со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школа на бизнис-лидери (почеток 15 ноември 2021 година),
  2. Развој на мали и средни бизниси и старт ап бизниси – со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Модул за развој на мали и средни бизниси како и Модул за развој на старт ап бизниси (почеток 15 ноември 2021 година) и
  3. Институт за извоз – со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школа за продуцирање кадри за зголемување на извозот, со крајна цел формирање Институт за извоз (Изработка на студија за извоз, Платформа за извоз и почеток со Модулот за зголемување на вештините за извоз од 1 Ноември 2022 година.

Предавачи и членови на Програмските одбори во сите модули ќе бидат најуспешните менаџери и научни работници од нашата држава претставени во органите и телата на Комората, како што се замениците претседатели на Стопанската комора-Клуб 100, потпретседателите на Комората-Клуб 10, претседателите на Советите при Комората како и многу други успешни личности, пред се од бизнисот, кои зад себе оставаат и прикажуваат резултати во работењето.

д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска
потпретседател на Стопанска комора на Северна Македонија и проектен менаџер за развој на советите